Елизабет Тејлор

0
29

Ќе се памети според улогите во големи филмски класици, според бурниот приватен живот, колекцијата на накит, пријателството со Мајкл Џексон, хуманитарната работа…

По долго боледување, на 23. март 2011., во 79-тата година (родена на 27. февруари 1932.) почина Елизабет Тејлор, една од последните икони на златното доба на Холивуд.

Од нејзината богата биографија и филмско-глумечко искуство:

На големите платна дојде благодарение на амбицијата на мајка и, исто така глумица, која ја запишала на балет како 3-годишна, туркајќи ја истовремено во светот на филмот, во кој дебитира на само 8 години-во комедијата „There’s One Born Every Minute“, снимена во 1942. Само една година подоцна на голема врата влезе во светот на холивудскиот гламур, како детска ѕвезда на филмскиот класик „Леси се враќа дома“. Истата година глумеше со големиот Орсон Велс во филмот „Џејн Ејр“.

Режисерите набрзо почнаа да се грабаат за малото чудо од девојче, па во следните години работи повеќе од некои од најпознатите возрасни глумици на тоа време.

Трансформацијата од детска ѕвеада во сензуална дива оствари со филмот „Конспиратор“ во 1949. година, кога со само 16 години ја глуми 21-годишната Мелинда Грејтон, несвесна дека се мажи за советски шпион. Потоао добива ангажмани во кои вниманието на јавноста подеднакво ја плени со глумечкиот талент и шармот на страстна млада жена пред која паѓале војски на обожувачи и многумина глумечки партнери, помеѓу кои и Ричард Бартон, со кого ја одглуми Клеопатра, својата најпозната филмска улога.

Од другите исклучително забележителни улоги во нејзината 60 години долга професионална кариера, се издвојуваат во филмовите „Мали жени“, „Мачор на жежок лимен покрив“ и „Џин“. За улогите на Глорија Вандроус во филмот „Батерфлај 8“ во 1960. и Марта во „Кој се плаши од Вирџнија Волф?“ во 1966. година ги освои наградите Оскар, за кои беше номинирана уште 3 пати, а освои и десетина други важни награди.

Во текот на 1980-тите понудите на филмските продуценти станаа сѐ полоши и поретки, делумно и поради алкохолизмот со кој се бореше.

Со големиот пријател-поп пејачот Мајкл Џексон се сврте кон општествениот ангажман, посебно на борбата против СИДА и заштитата на заболени деца.

И покрај сите приватни бродоломи, до крајот на животот остана достоинствена дива која и во инвалидска количка доаѓаше на приеми во спектакуларни тоалети, горда на својата огромна колекција на накит, единствената љубов која во нејзиното срце никогаш не избледе.

Освен според забележителните улоги, Елизабет Тејлор вниманието го привлекуваше и со бурниот приватен живот, пред се со бројните бракови. Глумицата дури 8 пати застана пред олтарот:

-Во мај 1950. година тогаш 18-годишната Елизабет се омажи за Конрад Ники Хилтон. Тој прв брак заврши по само 8 месеци со развод;

-Една година подоцна (1951.) повторно се омажи, овојпат за Мајкл Вилдинг, кому му роди два сина-Мајкл (1953.) и Кристофер (1955.). Се разведоа во 1957.;

-Само еден месец по разводот од Вилдинг, глумицата се омажи за третиот маж-Мајкл Тод, кој почина во 1958., во истата година кога им се роди и ќерката Елизабет Франс Тод;

-Елизабет долго не тагуваше- во мај 1959. на вечна љубов му се заколна на Еди Фишер, со кого издржа 5 години. Се разведоа во 1964.;

-Само 11 дена по разводот, на 15. март 1964. се омажи за Ричар Бартон, како што изјави-љубовта на својот живот. Бурниот брак, во кој таа и ја посвои неговата ќерка Марија, траеше 10 години и заврши со развод во јуни 1974. Но во октомври 1975. Бартон и Елкизабет се венчаа по вторпат. Сега идилата траеше 9 месеци. Во јули 1976. си рекоа конечно збогум;

-Истата година се омажи за Џон Варнер со кого беше во брак до 1982;

-Последен сопруг на глумечката дива беше Лари Фортенски, за кого се омажи во 1991. и се разведе во 1996. година.

Софија Лорен првпат стана баба во 1971., во 39-тата година. Има вкупно 9 внуци и внучки.

Пријателите и почитувачите на ликот и делото на најголемата холивудска икона и една од најславните глумици и најубави жени на сите времиња се простија од Елизабет Тејлор.

Вопи Голдберг:

„Денеска почина мојата пријателка Елизабет Тејлор. Чудно, сите знаевме дека се ближи овој ден, но нејзиниот замин пак ме остави без здив. Беше смешна, гласна, шеговита и фантастична жена вљубена во дијаманти. Имаше голема улога во формирањето на мојот живот. Ова е навистина крај на една ера“.

Елтон Џон, исто така близок пријател, порача:

„Изгубивме холивудски џин. Но, што е уште поважно, изгубивме неверојатно човечко суштество“.

Пејачката Мараја Кери се прости со зборовите:

„Почивај во мир Елизабет Тејлор, легенда без конкуренција која ќе живее засекогаш“.

Порака на Twitter од глумицата Кристи Алеј:

„Елизабет, ти благодарам на се на што ме научи во животот, патењето и среќата. Ти си најсјајната ѕвезда во вселената. Вечна љубов“.

Алиса Милано:

„Почивај во мир. И натаму ќе живееш низ сите добра што ги правеше додека беше со нас“.

Оние што играа во легендарниот филм „Сутјеска“, во кој нејзиниот тогашен сопруг Ричард Бартон го играше Јосип Броз Тито, пред крајот на снимањето имаа можност да се запознаат со неа- му дојде во посета. Впечатоци на некои од нив:

Милена Дравиќ:

„Идол на генерации, никого не оставаше рамнодушен. Беше најголема уметничка на сите времиња и голема хуманистка. Немав можност да седам со неа за иста маса, протоколот беше строг. Но ми беше доволно што ја запознав. Беше гостин и на Нишкиот фестивал на филмски остварувања и таму целата глумечка екипа повторно ја виде. Дива која засекогаш останува во сеќавање“.

Реља Башиќ:

„Една од најубавите глумици на светот, која живееше со уште поголем глумец. Во Дубровник отседнав во „Аргентина“, а Лиз со Бартон во вилата „Шехерезада“. Мошне пријатна, шармантна, но се виде дека е тоа друштвена маска. Кога го завршивме снимањето, требаше да се поздравиме, да се простиме, а нивниот секретар дојде и рече дека се зафатени. Од вилата истовремено се слушна крш, кавга, викање. Со Бартон тогаш отиде без поздрав“.

Раде Шербеџија:

„Не играв во филмот „Сутјеска“, но Елизабет според мене е вонсериска, посебна и чудесно убава глумица. Спаѓа во редот на големините кои со својата посебност биле поголеми од тогаш најголемите филмски ѕвезди. Мислев дека нејзината убавина е главниот адут, но во „Кој се плаши од Вирџинија Волф“ ме изненади со силата со која му парираше на Ричард Бартон“.

Неда Арнериќ:

„Гламурозна, малку каприциозна недопирливата ѕвезда ќе ми остане во сеќавање како дива. Токму онаква какви што децата ги замислуваат: нашминкана, дотерана, го пленеше вниманието секаде каде што се појавуваше. Ја сниамвме „Сутјеска“, а таа дојде да го посети сопругот. Само ракување и поглед на неа беше доволно да ја паметам како голема дива“.

Вељко Булајиќ:

„На медиумите исклучително интересна личност со бурен љубовен живот. Но освен тоа, Елизабет беше исклучително талентирана, голема глумица. Нејзиниот замин е значајна загуба во светот на филмот и ми е жал што немав можност да ја запознам“.

Душко Валентиќ:

„Ја запознав во Дубровник, беше со нашите луѓе кои ме претставија како млад глумец. Исклучително љубезна мегаѕвезда, која топло се насема кога и ја бакнав раката. Веројатно тоа го заборави во следниот момент, но јас ги паметам симпатиите со кои ме гледаше мене, кој штотуку влегува во светот на филмот. И таа насмевка и нејзините неколку куртоазни зборови од типот `Мило мие е`“.

(Користени повеќе прилози објавени на Интернет)

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion