Потребно време за читање: 2 минути

Во светот на шоу бизнисот она што има вредност-создаденото на актери во него не само што не излегува на „површината“, не се согледува, туку станува безначајно. И тоа само поради општоприфатената бизарност на и во тој свет: забавата како единствена смисла, оправдување на живуркањето.
Не е никаков проблем секојдневно да се објавуваат вести од светот на шоубизнисот. Не секој ден, туку секој час, секоја минута. Можеби тоа би било добро за „легнување“ или „смирување“: да се наситат оние што го следат и сонуваат во него да влезат. Па како и сѐ друго премногу, да им дојде преку глава и во умереноста да го побараат единствено вредното-создаденото.
Можеби со изборот на вести од шоу бизнисот ќе успееме токму во тоа:
-Белград е метрополата со најдобра понуда на ноќен живот и забава, според листата што ја составил светскиот туристички водич „Лоунли пленет“ (Lonely Planet). Главниот град на Србија е прв на листата „најдобри градови за провод“, категорија која водичот ја ставил во „1000 Ultimate Experiences“ (1.000 ултимативни искуства), објави агенцијата Ројтерс на својот Интернет сајт.
На второ место е Монтреал, на трето Буенос Аирес, а потоа следат Дубаи, Солун, Ла Паз, Кејптаун, Баку, Окленд и Тел Авив;
-Режисерот на „Национално богатство“ Џон Тертелтауб изработи долгометражен филм за настанувањето на еколошкото движење Гринпис, објави весникот „Варајети“. Хрониката го следи движењето од доцните 1970-ти до раните 1980-ти години, а е раскажана од аголот на харизматичните и контроверзни основачи Боб Хантер и Рекс Вејлер.
Двајцата ја предводеа ексцентричната група на пацифисти, еколози, музичари, учители, морнари и научници кои се обидоа-често и успешно-да попречат американски и француски нуклеарни проби, јапонски и руски китоловци и норвешки ловци на фоки;
-Филмот „This Is It“, со снимки од проби пред концертите кои Мајкл Џексон требаше да ги одржи во Лондон, ја надмина зааботувачката од 200 милиони долари од прикажување во кино сали ширум светот.
Филмот постигна заработувачка од 61 милиони долари во САД и повеќе од 140 милиони долари во Јапонија (27,2 милиона), Велика Британија (14,3 милиони) и во Германија (12,1 милиони долари), соопшти студиото Сони пикчерс (Sony Pictures).
„This Is It“ го прикажува „кралот на попот“ во текот на пробите пред повратничката турнеја. Џексон, кој на 25. јуни 2009. ненадејно почина од преголема доза на лекови, првиот од 50-те концерти требаше да го одржи во јули истата година во Лондон;
-Ексцентричната американска пејачка Лејди Гага пеела пред британската кралица Елизабета Втора на гала свеченост во Операта во Блекпул, јави за ковој „значаен настан“ Би-Би-Си. Пејчката на хитот „Poker Face“ е позната според спектакуларните настапи, како што е „обгорување“ на огномет од нејзиниот градник.
На свеченоста на 7. декември 2009., што се одржи во корист на Доброволниот фонд за помош на уметници-забавувачи чиј покровител е кралицата, учествуваат и Бет Мидлер и Мајли Сајрус, како и групата на танчери „Диверсити“ која победи на натпреварот „Britain’s Got Talent“;
-Кабловската телевизија на Опра Винфри OWN започна да емитува програма во јануари 2011.
Според директорката Кристина Норман, Опра Винфри е „животна сила зад OWN и го предводи 24-часовното телевизиско искуство“.
OWN е заеднички проект на Опра Винфри и компанијата „Дискавери комјуникејшенс“. Програмата на стартот ја следеа 80 милиони домови. Очекувано, во меѓувреме драстично се зголеми. Опра Винфри соопшти дека во 2011. ќе биде окончана нејзината популарна емисија „Шоу на Опра Винфри“.

 

Претходен написГлупирање на вљубените
Следен написСитен грабеж

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here