10 најопасни спортови

0
60

Американски лекари истражувале неколку години кои се најопасните спортови на светот и во кои најмногу доаѓа до разни повреди, па направиле листа од 10 најопасни по животот и здравјето на луѓето. Многумина сигурно ќе бидат изненадени!

  1. Боќање

Ако мислевте дека овој спорт е пензионерска активност, веројатно фактот дека е најопасен звучи прилично смешно. Меѓутоа, при фрлање на куглата најчесто доаѓа до повредување на играчот, а секоја година на теренот животот го губат околу 1.000 луѓе.

Голема е веројатноста при натпреварот-боќањето да ги исчашите зглобовите, да ги скршите колената или да доживеете срцев или мозочен удар поради стрес, а особено уште ако имате 70-тина години, колку и просечните рекреативци во овој спорт;

2. Скокање со падобран

Реклама

Падобранството е со причина прогласено за мошне опасен спорт, зашто ако не ви се отвори падобранот смртта ви е речиси загарантирана. Во изминатите 30 години, од кога падобранството стана прилично масовно, се забележани 175 смртни случаи;

3. Јавање

Бидејќи коњот е прилично непредвидлив, ниту на најдобрите џокеи не им е баш лесно да го скротат. Поради тоа на 100.000 јавачи, кои официјално настапуваат во разни натпреварувања, во просек страдаат 128-мина, додека бројот на повреди на коњот е многустрано поголем;

4. Голф

Според статистиката, голфот е многу поопасен спорт од разни боречки вештини. На голф игралиштата животот годишно го губат околу 1.000 луѓе, особено кога времето е лошо, а од овој број 5% смртни случаи се предизвикани од удар на гром;

5. Алпинизам

Качуњето по карпи е мошне тешко и опасно, но најлошо е слегувањето долу. Речиси сите несреќи се случуваат во текот на спуштањето, а посебно отежнувачка околност е оти повредените алпинисти мораат долго да чекаат медицинска помош, ако таа воопшто и стаса поради непристапни терени;

6. Риболов

Уште еден пензионерски спорт, но исто така опасен. Риболовците често се занесуваат кога го држат стапот, така што кога ќе ги повлече некоја поголема риба тие паѓаат во водата и се удавуваат. Најмногу ризикуваат оние риболовци кои стојат на карпи, зашто ако паднат може да биде многу гадно, а постои и можност ненадеен висок бран лесно да ги турне во водата. Да не зборуваме за риболовците кои не умеат да пливаат;

7. Возење мотор

На мото трките се случуваат многу трагедии. Поради големата брзина мотоциклистите имаат голема шанса да го загубат животот, а доколку го преживеат падот повредите можат да бидат мошне тешки и проследени со траен инвалидитет и смртен исхот;

8. Настапи на чирлидерсики (cheerleaders)- танчерки на спортски натпревари

Овие атрактивни девојки имаат задача да ја анимираат публиката, но е малку познато дека нивната игра е всушност мошне опасна спортска дисциплина. Годишно во Америка се случуваат повеќе од 20.000 повреди при навивање. Така што статистички гледано, поголема е веројатноста на рагби натпревари да се повредат навивачките, отколку самите рагбисти! Најчесто се во прашање скршени колкови, но често се случуваат и потешки повреди на `рбетот;

9.Нуркање

Ова е прилично опасна рекреација и спорт, зашто поради непридржување на правилата може да дојде до декомпресија која предизвикува трајно оштетување на мозокот и белите дробови. Најопасно е нуркањето во пештери, зашто на длабочина од 30 метри во целосен мрак лесно се губи ориентација и доаѓа до паника;

10.Рагби

Делува како прилично есктремен спорт, иако не е така класифициран. Секој играч на рагби меч претрпува повеќе повреди одошто во други тимски спортови, а станува збор главно за исчашување или пукање на мускули и скршени коски.

Интересно е дека помеѓу 10-те најопасни спортови на светот не се најде ниеден боречки или спорт на снег и мраз, иако и таму повредите се исто така чести.