Потребно време за читање: 2 минути

Во минатото луѓето работеле сѐ и сешто за да заработат макар ситна пара за преживување. Исто така и денес, особено во време на криза, многу не избираме. Прифаќаме да работиме што ќе ни се даде, а ќе ни овозможи каква-таква заработувачка. Се разбира, под услов понуденото да е легално и да не се коси со нашите сопствени морални кодекси.

И во светот и кај нас сѐ почесто среќаваме високообразовани луѓе во улога на келнери, чувари на деца или „суредувачи“ на домови (куќни помошнички и помошници).

Во историјата се забележани мошне бизарни работи односно дејанија кои луѓето биле принудени да ги обавуваат. Списокот е долг, а еве само мал избор на можеби најбизарните:

Чувар на голема нужда

Тоа биле луѓе кои ги придружувале кралевите во секој нивен „поход на wc“. И иако би можеле најнапред да помислите дека нивната положба била прилично незавидна, тие всушност биле луѓе на кралот од доверба и највлијателни слуги.

Прочитај и за ... >>  Некои „леви“ нешта

Чукачи

Некогаш биле изнајмувани луѓе да чукаат на прозорци или да ги гаѓаат со разни бобинки сѐ додека богатите спанковци не се разбудат. Всушност, станува збор за човечки будилници

Професионални доилки

Ова занимање подразбирало доење на туѓо дете. Оваа работа се сметала за една од главните причини на ширење зараза помеѓу бебињата.

Собирачи на пијавици

Иако не звучи така страшно, методот е она што оваа работа ја прави ужасна. Имено, овие луѓе се движеле низ вода и чекале да ги каснат, поточно да им се „прилепат“ пијавици кои потоа ги тргале од телото и ги продавале. Поради постојаните отворени рани и загуби на крв биле мошне подложни на зарази.

Тажачки

Оваа практика во некои наши села сѐ уште ја има. Професионалните „оплакувачи на мртвите“ првпат се појавиле во Кина, за време на владеењето на царот Ву од Хан, 156. година пред Христа. Биле плаќани да бидат изразито емотивни на погребите за на роднините и пријателите на покојниците да не им биде непријатно да тагуваат.

Прочитај и за ... >>  Чиј е „денешниов" 8- ми март: на жената или на мажот?!

Обработувачи на волна…во урина

За да се произведе помека ткаенина, волната се чувала во буриња полни со урина. Работата на овие луѓе била да ја газат по цел ден со урина натопената волна.

Кастрати

Во прашање се кастрирани мажи на кои гласовите, зашто не мутирале, им биле во сопрански тонови. Им нараснувале подолги ребра, па поради тоа имале и поголем капацитет на белите дробови.

Крадци на тела

Овие луѓе продавале „свежи“ мртви тела за медицински истражувања. Во Англија кражбата на предмети од гробовите отекогаш била илегална, но кражбата на мртовци е забранета дури во 1832. година.

Чистачи на измет

Овој поим означувал луѓе кои, за да заработат за живот, чистеле и собирале човечки измет. Им било дозволено да работат само ноќе, а живееле во изолирани подрачја, оддалечени од населени места.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here