Home ЗАБАВА Бизар Вонземјаните се одамна помеѓу нас

Вонземјаните се одамна помеѓу нас

351
0
Потребно време за читање: 19 минути

Иако сѐ уште има многумина учени и лаици кои не веруваат дека човекот не е единственото свесно суштество во вселената, а уште помалку дека многу скоро на некоја точка од планетава ќе се случи „официјална“ средба со нив, многу сознанија и аргументи го кажуваат спротивното: не само оти е несомнено нивното постоење, туку и средби со нив имало одамна, има и тие допрва ќе добиваат на интензитет.

Тврдењето дека 34-от американски претседател Двајт Д. Ајзенхауер се состанувал со вонземјани е уште една потврда дека не сме сами во вселената.

Тимоти Гуд, поранешен советник на Пентагон и на американскиот Конгрес, инаку познат британски писател, тврди: Двајт Д. Ајзенхауер 3 пати тајно се состанал со вонземјани, а во организацијата на средбите учествувал и FBI. Иако одамна се спомнуваат такви средби (и со Черчил), како што пренесе „Daily Mail“ ова е првпат тоа да го потврдува и едно вакво официјално лице.

Гуд тврди дека Ајзенхауер со вонземјани се состанувал во 1954. година во Њу Мексико, а средбите биле организирани со помош на телепатски пораки. Конечно, лице в лице, се состанале 3 пати во воената база Холоман, во присуство на бројни сведоци. Тогаш „службено“ бил на одмор во Палм Спрингс.

Зборувајќи во емисија на Френк Скинер, на BBC2, Гуд рекол дека со вонземјани со години комуницирале влади ширум светот. Уште кон крајот на 2010. медиумите пишуваа за тајни документи кои наводно потврдуваат дека Винстон Черчил наредил сведоштвата за постоење на НЛО да се водат како тајна. За сѐ наводно се консултирал токму со Ајзенхауер.

Се спомнува писмо што се однесува на Черчил, а кое го испратил неименуван маж кој тврдел дека неговиот дедо како телохранител присуствувал на разговор помеѓу Черчил и Двајт Ајзенхауер. Тврди дека тие разгледувале како да ги решат средбите со НЛО, при што Черчил изјавил дека тие информации мора да останат тајни во следните 50 години, а за да не предизвикаат масовна паника и да ја уништат довербата во црквата.

За тврдењето дека не сме сами во вселената, дури дека не сме сами ниту на Земјата! Она што следи во продолжение за некои е неверојатно, плод на бујна фантазија; за некои познато односно „нормално“, некои, пак, вверојатно ќе се обидат да ја разберат „заднината“, а имајќи ја предвид пред сѐ непријателската позиција спрема човештвото што им се припишува на вонземјаните. Но сигурно е дека најмногу од сите нема да остави рамнодушни.

Се тврди дека секој со нормална смисла и чувство за тоа, за отворен начин на размислување, секој со „отворени очи“ со површно, па и лаичко истражување ќе си го потврди постоењето на вонземјани, дека биле активни во нашето „минато“ и се активни до ден денешен.

Скептиците настојуваат да бидат игнорантни и одбиваат да ги истражат сите докази. Затворајќи ги очите, тие тврдат дека не гледаат никаков доказ, а ги има насекаде.

Да ги погледнеме митологијата и религиозните приказни ширум светот кои опишуваат посети на вонземјани како напредни суштества во древното доба, древните градби и артефакти кои индицираат користење на напредна, посупериорна технологија кај изградбата, па преку стогодишните сведоштва за видувања на НЛО. Постојат стотици физички докази за нивно „слетување“ на Земјата, владини документи и илјадници киднапирања кои вклучуваат многумина сведоци, како и сеќавања на киднапирани со помош на методот на регресивна хипноза, како и сведочења на многумина од оние кои немало ни потреба да се хипнотизираат за да се сетат на се што им се случило. Исто така, и на многу медицински и физички докази на телата на киднапираните.

Некои тврдат дека вонземјаните имаат и прецизен план како да нѐ „освојат“, а кој практично го реализираат со години. Каков е тој?

Човештвото одамна било поробено од страна на нечовечки сили кои се технолошки, психички и димензионално посупериорни од нас. Тие се состојат од многу групи кои дејствуваат во димензии и на локации во вселената далеку или надвор од нашата перцепција, за да преземат еден дел од „човечката енергија“ (со неа се хранат). Нивна крајна цел е да не прилагодат нас на нивниот фашистички режим и паразитски да не искористуваат за нивни биолошки, етерички и физички потреби.

Низ скриена манипулација и хипердимензионални трикови (кои вклучуваат и патување „низ“ времето), тие тајно го манипулираат и искористуваат човештвото во секој поглед низ еден долгогодишен период на нашата историја. Ние сега имаме можност да ги видиме нивните планови кои повеќе и не се кријат толку како порано и кои моментно се манифестираат како-програма за создавање на една одредена хибридна раса. Тие веќе поодамна од некои медиумски и други извори ни се претставуваат како наши спасители кои ќе се појават кога човечката раса ќе „полуди“ и кога ќе избијат големи светски судири. Ако светот ги прифати како спасители, индивидуалната слобода каква што ја знаеме ќе исчезне, ќе остане само мрак.

Ако имаат посупериорна технологија, зошто непријателските вонземјани едноставно не ја преземат планетата?

Од стратешки причини, нивната инвазија подразбира еден подолг процес, а не некое ненадејно „растоварување“ како што повеќето од нас замислуваат. Ова второто би можело да се случи како финална работа, по остварувањето на првата фаза и духовното уништување на целната популација (во овој случај-нашата). Постојат многу проблеми кои одат заедно со отворената инвазија што би користела само физичка сила. Историјата покажала дека видливи тирани и видливи мети брзо паѓаат пред да успеат да воспостават целосна контрола.

Попаметните тирани остануваат скриени и мудро манипулираат со популацијата пред да ја победат и поробат.

Вселенските тирани постојат и освојуваат цели светови кои стануваат нивни колонии. Пребрзата инвазија на оние што би сакале да не поробат би водела до општ судир кој би се заканувал да ги уништи токму оние извори поради кои дошле: Земјата и нејзиното богатство. Тие преферираат ние своеволно да се одрекнеме, како од својата сопствена слобода, исто така и од оваа планета, со најмала доза на отпор. (Правило за слободната волја? Карма?) Тоа единствено може да се случи под околности во кои, според самата своја природа, воопшто не сме свесни за нивните планови, па така не можеме ни да ги забележиме. Спроведувањето на дело на таквата измама бара многу подготовки. Затоа тие одлучиле скриено и трпеливо да манипулираат со човечкото општество поради постигнување на таа крајна цел.

Нивниот префериран метод на субверзија е создавање на една елита помеѓу популацијата, која е задолжена да ја изврши валканата работа на поробување на другите. Она што ние го подразбираме под „тајна влада“, тоа е една окултна технократија која се состои од тие елитни луѓе. Тајната влада се користи со формулата: проблем-реакција-солуција за да предизвикува глобални светски судири и за да созададе услови за воспоставување на „Нов светски поредок“. Тука се работи за еден цврст, глобален тоталитарен режим, кој би исклучил каков било потенцијал на отпор и би обезбедил лесно прилагодување на Земјата за вонземјено владеење.

Зошто не ја завршиле својата инвазија порано, кога нашата технологија била премногу примитивна за да можела да ги загрози нивните сакани ресурси?

Тие преферираат ние со своја волја да се предадеме во нивните раце и своеволно да се одрекнеме од нашата слободна волја. Дури одамна станавме технолошки и политички напредни толку да можеме да создаваме и одржуваме инфраструктура на „Нова светска влада“, низ која самите ќе се претвориме во робови. Со други зборови, тие ги натеруваат своите жртви самите на себе си претходно да си ги ископаат своите гробови.

Во врска со овој факт, политиката на ваква брутална ефикасност е веќе демонстрирана со примерот како Нацистите своевремено ги ликвидирале своите заточеници. Растот и падот на нацистичка Германија се управувани од страна на тајна влада како генерална проба за она што сега би требало да се случи и многу во нацистичката идеологија и методологија е директна рефлексија на размислувањето на непријателските вонземјани.

Иронично, тајната влада сама по себе е само глобална верзија на „Сондеркомандосите“, елитните единици на Евреите кои нацистите ги избирале помеѓу многубројните затвореници во концентрационите логори, за овие да ги контролираат и убиваат останатите затвореници. И покрај ветувањата за преживување и моќ, тие „Сондеркомандоси“ брзо се убиени кога престанале да им бидат корисни на нацистите, зашто веќе не им требале. Тајната влада ќе се сретне со иста работа откако инвазијата на вонземјаните ќе се оствари успешно.

Дали членовите на тајната влада знаат дека ќе бидат изиграни?

Во негатривната хиерархија сите потчинеи се во некоја рака измамени од страна на нивните надредени, зашто на таков начин таа нивна супериорност и се одржува. Тоа е според самата природа на тие индивидуи кои мислат дека го делат врвот на хранителниот синџир, наедно и нивно сакано опкружување.

Многумина нивни членови се принудени да ја одржуваат својата верност со уцени, заклетви или со програмирање на нивните умови. Додека тие фактори ја одржуваат хиерархијата, тие исто така служат и за промени во неа; доколку контролниот систем дојде до некоја пречка, потешкотија или стане нестабилен, подредедните членови ќе ги инзеверат своите надредени кога за тоа ќе им се даде можност, а оние од нив кои се повеќе амбициозни можат да ја искористат таа можност да иницираат еден општ хаос при кој се прекинуваат лојалноста и нивните меѓусебни врски. Така тоа слабеење на структурата на пирамидата на власта може да доведе до една точка кога целиот систем ќе почне да се урива. Тоа е потипично за една човечка хиерархија, отколку за хиерархија на вонземјани, зашто вонземјената е многу попрефинета и не прави такви грешки.

Дали е тоа причина поради што тајната влада евентуално ќе биде отфрлена?

Да. Сѐ додека контролниот систем останува стабилен, тајната влада останува во врска и во согласност со вонземјените сили. Поради надојдувачките земјени примени и други фактори, надојдувачкото време донесува елементи на непредвидливост кои се закануваат со дестабилизација на контролниот систем- хиерархијата успева на предвидливост зашто е тоа предуслов за контрола.

Поради човечката глупост, вонземјените сили ја гледаат тајната влада како несигурна за време на таквата надојдувачка состојба и непотребна во тој временски период. Тие ќе бидат меѓу првите кои ќе бидат елиминирани, зашто инаку би биле први кои би се спротивставиле на присуството на вонземјаните бидејќи имаат моќна технологија што ја добиле од нив за да ја постигнат својата надмоќ и да го обезбедат својот опстанок. Финалето на вонземјениот план не содржи место за човечката елита, и кое било ветување што им го дале во врска со преживувањето во пост- катаклизмичката иднина е лага што ја добиле како спогодба за верност.

Додека експлоатацијата на човечката природа им обесзбеди на нашите вонземјени манипулатори лесен успех во она што досега си го планирале, човечката природа дефинитивно се заканува со поткопување на завршувањето на нивните планови кои бараат целосна верност на човечките суштества на нивното царство. Сѐ додека имаме вродена способност да се издвојуваме и да стекнеме духовна мудрост, и се додека можеме да копнееме за индивидуалност и слобода, нашата верност и нивната сигурност не можат да бидат вечно загарантирани.

А како вонземјените сили планираат да го решат проблемот на „човечката природа“?

Ајнштајн еднаш рекол дека решението на еден проблем не може да се постигне од исто ниво каде што проблемот и настанал. Ако е проблем човечката природа, тогаш единствено не-човечки елемент може да го реши. Моментно, проблемот се наоѓа во неизбежниот неуспех на тајната влада и идните луѓе да одржат неограничена верност на нивните вонземјени владетели поради фундаментални генетски и метафизички разлики, како и во фактот дека сме индивидуалисти и опортунисти според својата природа.

Откако ќе се воспостави Новата светска власт, тие планираат да го стават човештвото под водство на генетски модифицирана „владејачка раса“ што ја прават човечко-вонземјени хибриди. Тие хибриди не надминуваат во интелектуалните и психичките способности и не патат од „слабостите“ на човечката природа, како што се сожалувањето и копнежот за индивидуална слобода. Се додека одржуваат контрола, тие ќе се вкрстуваат со човечката популација за да ги постигнат тие генетски карактеристики кај поголемиот дел од човештвото. Така на крајот човештвото би било биолошки соодветно за служење на вонземјената империја, која со тоа би била проширена на неопходните ресурси кои ги јакнат нивната моќ и контрола. На таа точка, ние ќе бидеме „заклучени“ во одредени граници и нивниот план ќе ја постигне својата цел.

Веќе гледаме докази за сето тоа. На пример, ние сме културно веќе подготвени за прифаќање на евентуална политика на вкрстување помеѓу луѓе и хибриди. Стандардите на физичката убавина се олицетворение на супермодели и глумци и се зголемуваат според истакнувањето на типични хибриди: ниско чело, мала брада, тријаголно лице, големи очи и стројни андрогени тела. Не е поминато многу време откога „хибридниот“ изглед се сметал за вознемирувачки и нездрав, но денешниот тренд оди кон сексуалност на тие карактеристики.

Како ќе биде направена хибридната раса?

Киднапирањата на вонземјаните им служат за постигнување на многу цели, а ова е една од нив. Моментно, хибридната програма е направена виртуелно. Хибридите изгледаат како луѓето, но им недостасуваат порано спомнатите карактеристики што не прават наклонети да му даваме отпор на вонземјеното присуство. Некои се веќе тајно „пуштени“ помеѓу популацијата. Некои се веќе родени од страна на човечки родители против нивната волја, а останатите ќе бидат подоцна кога овие првиве ќе дојдат во години кога ќе можат да се репродуцираат.

Некои хибриди помеѓу нас веќе поминаа како „Индиго-деца“, иако не сите Индиго-деца се хибриди. Хибридите најуспешно го следат нивното наменско програмирање да се однесуваат како мали психопати, ги презираат луѓето и поседуваат остра интелектуална и психичка сила што ја имаат за да ги поддржат нивните амбиции. Тоа се квалитети кои им овозможуваат да бидат подобни за евентуална власт над човештвото и потчинети на нивните вонземјени владетели.

Кој е вистинскиот процес користен во создавањето хибриди?

Актуелниот процес кој се користи е комплициран, но еве едноставен опис. Обата, генетскиот и метафичкиот фактор, мораат да се земат предвид, а вториов бара многу повеќе внимание и време во создавањето на хибриди, отколку што некој би можел да очекува.

Нашата ДНК е врската и еден механизам помеѓу нефизичката душа и физичкото тело. За таа врска, која тоа го држи единствено, генетиката мора да најде профил на душа кој и е соодветен. Мало промашување во еден ќе предизвика мутација во друг, а премногу несовпаѓања ќе предизвикаат одредени души да не можат долго да опстанат во одредено тело. За генетски да ја модифицираат или креираат целата раса, не е доволно само да се создаде генетски код, туку и да се синхронизираат неговиот профил и раст со оние души кои ќе бидат во тие тела.

Тоа е причината зошто луѓето од специфични лози на крвни врски се типични и резонираат со душите на вонземјаните и нивната природа, па се посебно подобни за киднапирање. Резонанцијата постои зашто во некоја точка во древното минато помеѓу таа крвна врска, индивидуи можеле свесно да и припаѓаат на негативна спиритуална  егзистенција и така, во согласност со тоа, да се совпаѓаат со нивниот генетски код. Нивните потомци ја носат таа генетска комбинација што е сметана за мошне вредна како материјал за создавање на хибридна раса. Физичката природа на таа генетска структура се совпаѓа во критичните подрачја каде што бараната метафизичка карактеристика на хибридите би требало да се совпаѓа.

Таа залиха на материјалот е вкрстувана со селектираната генетика на вонземјаните и е направена цела низа на разни хибриди, од кои некои се поуспешни од други. До моментот кога тие хибриди ќе можат да се размножуваат и да се одржуваат во живот, тие фетуси се обично имплатирани во тело на киднапирана жена за време на бременост. Човечкото етерично тело е богато со емоционални и витални енергии, кои помагаат уфрлениот фетус да се развива здраво. Оние на кои таа етерична околина им недостасува за време на развојот, или не се развиваат или стануваат слаби кога ќе се родат.

Успешните хибриди се тие кои можат успешно да преживеат во густа физичка околина како што е нашава, како и оние што се способни успешно да се репродуцираат со луѓето и помеѓу себе, оние што доволно изгледаат човечки за лесно да можат да се интегрираат помеѓу луѓето и оние кои немаат несакани човечки црти.

Каква е природата на душите на тие хибриди?

Дури и со нивна човечка физиологија, се смета дека хибридниот генетички профил е екстремно резонантен со природата на душата на нивните творци. Мошне е веројатно тие творци да имаат намера подоцна да се инкарнираат во тие тела. Некои хибриди можат да бидат родени со вонземјена душа, додека некои можат да функционираат како празни контејнери кои дејствуваат на свој начин во стратешките општествени позиции, па остануваат така додека подоцна не попримат вонземјена душа. Исто така е можно хибридите да имаат нивна сопствена уникатна матрица на души, а крајната цел би била иста.

Окупирањето на хибридните тела би им дало на нашите вонземјени манипулатори сила од обете раси-од човечката и од вонземјената, но без слабости од која било од нив. Човечки слабости се копнежот по индивидуална слобода и способноста за емпатија, а вонземјена неможноста од останување во нашето физичко опкружување подолго време. Хибридите се биолошки робусни како и ние, зашто имаат виртуелни човечки тела, но би им биле ментално посупериорни и полојални на вонземјаните ако би имале души идентични на нивните. Натаму, бидејќи потомците се надарени со духовна енергија од обата родитела, побрзо би се направила метафизичка модификација на човештвото ако хибридниот родител би имал негативно ориентирана вонземјена душа.

Зошто вонземјаните не можат подолго да престојуваат во нашата физичка околина?

Тие бараат психичка или етеричка енергија за да се проектираат во нашата тридимензионална околина. Во нивната природна состојба тие се четиридимензионални суштества (4D) кои егзистираат на едно повисоко етеричко ниво на реалитетот, но можат да изберат дали сакаат да станат физички со потрошок на енергија. Нашиот тридимензионален свет е „вграден“ во четиридимензионалната вселена, што значи дека 4D суштествата мораат да ја фокусираат својата сушност во природниот појас во кој привремено ќе станат 3D. Инаку, тие се појавуваат невидливи за нашата перцепција, како на пр. аквариум в соба-ние сме риби кои се свесни за други риби, но сме релативно несвесни за она што е надвор од аквариумот и оние што не посматраат.

Претежно е тоа вистината за вонземјените видови наречени „Рептили“ или „Лизарди“. За да заштедат енергија, тие преферираат да останат во нивната 4D околина, додека се служат со разни методи за „далечинско“ поврзување на тие два система. На пример, тие создале една кибернетичка раса на суштества која ние ја знаеме како „Сиви“, која им служи како 3D „вселенски сонди“. Сиви се роботи направени со генетски инженеринг, кои се технолошки поврзани со рептилската душа. Тие се кибернетички сонди во нашиот реалитет кои тука можат да се задржат релативно подолго време, а се користат за киднапирања на луѓе и некои други задачи.

Тој недостиг на физикалност им овозможува да имаат многу предности, но и мани. Како предност, етеричката технологија е четиридимензионална и надвор од нашето линеарно време, па рептилите можат да гледаат и можат да дејствуваат во рамките на нашето можно минато, сегашност и иднина, односно врз сите наши реалитети едновремено. Комбинирајќи со својата калкулативна стратегија, тие се способни да направат мошне комплицирани и далекусежни манипулации од хипердимензионална природа.

Тие хипердимензионални манипулации можат да вклучат менување на минатото во привидно тривијални и мали измени за да влијаат врз изборите на своите мети т.е. на одреден човек во неговата сегашност. Рептилите не знаат кој избор ќе направиме и не можат да ги менуваат изборите што веќе сме ги направиле со своја волја, но можат да видат и изменат се друго. Додека тие не можат лесно да ја прекршат слободната волја на спиритуално здраво лице, тие можат да ги „прилагодуваат“ нејзините лични избори со помош на манипулација на нејзината околина.

Бидејќи егзистираат надвор од нашето простор/време, тие се ослободени од ограничувањата на линеарното време што важи за нас. Тоа значи дека можат да целат индивидуално и да манипулираат со толкав број на луѓе колку што им е потребно. Додека киднапиран човек перцепира неколку години помеѓу случувањата на своите киднапирања, вонземјаните тоа можат да го прават „сѐ наеднаш“, т.е. едно по друго. И покрај грандиозната природа на вонзејмените планови кои целат цели планети и цивилизации, тие исто така ги манипулираат на индивидуална основа сите оние што им се чинат закана.

Како недостаток, нивната недостачност на физикалност ги спречува лесно да ја кршат нашата слободна волја низ употреба на сила. Физикалноста е опкружување во кое каузалноста е примарна, каде што едно суштество може да предизвика непожелни ефекти кај друго зашто се обете субјекти на физички закони. Тоа е помалку изразено во 4D околината, каде што физикалноста е варијабилна и каде што акциите се темелат на синхронизација која предизвикува резултати во повеќе метафизички состојби. Поради таа причина, рептилите сакаат еден повисок степен на физикалност за да го прошират појасот на она што можат да го прават. Хибридната програма е насочена кон таа цел.

Што е со воените киднапирања?

Војската на Тајната влада и нивните фракции постојано киднапираат луѓе од разни причини, често работејќи под вонземјени фракции и користејќи ја нивната технологија. Тие причини се многубројни и комплексни за да се разработуваат во детали, н вклучуваат контрола на мислата, генетски истражувања и употреба на психичко-чувствителни луѓе за далечинска контрола и посматрање, како и разни убиства. Благодарение на нивната хипердимензионална технологија, тие воени фракции можат тајно да киднапираат луѓе за време на нивно спиење, со „вадење“ од нивниот просторно/временски континуум низ портали и „доведување“ во нивните воени бази.

Жртвите на воените киднапирања често се подложуваат на електрошокови, па така кај нив се создаваат издвоени личности во кои се „инсталираат“ ментални „програми“ за контрола на нивното размислување и однесување, како што се на пр. програма за самоуништување, „заспан“ убиец, сексуален роб итн…Некои „програми“ за контрола на мислите опфаќаат илјадници агенти кои „спијат“, а кога ќе затреба тие можат да се „активираат“ со пост-психички метод, за во некој даден момент во иднината на пример да почнат да вршат масовни убиства, што би довело до предуслови за тоталитарна власт и губење на нашата слобода.

Киднапираните од страна на војската исто така се често и силувани од страна на вонземјени суштества, кои се хранат со таа негативна енергија базирана на стравот и патењето на жртвата. Други, пак, водат двојни животи, каде што еден дел од личноста на одредено лице учествува во тајни воени мисии, а истовремено тоа може да се прави со научна фантастика врз другиот дел од таа иста личност. Со хипердимензионална технологија тоа лесно може да се прави.

Како некој може да престане да биде жртва на вонземјени киднапирања?

Тешко е целосно да се запрат киднапирањата без постојана претпазливост. Сепак, тие можат да се намалат во некој број ако се направи следното:

  1. откажување од сите кармички и егоистични причини поради кои сакате тоа да се продолж;
  2. одлука за отпор на киднапирања со помош на цврсти и постојани стремежи тие да престанат;
  3. воспоставување на емоционална стабилност, позитивност и спокојство, наместо хистерија и опсесија од стравови;
  4. човекот треба да стане свесен за киднапирањата, пред да се случат, додека се случуваат и по нив;
  5. да се учи од симптомите и трагите што настануваат по секое од нив и да се сознае нивната тактика на киднапирања;
  6. зголемување на спиритуалната флексибилност, барајќи и применувајќи знаење и мудрост;
  7. да се бара помош од своето повисоко „Јас“.

Тие методи помагаат кај спречување на киднапирања, било од физичка, било од духовна природа. При киднапирање на душа, телото останува да спие, но душата се „вади“ и се „обработува“ и потоа се враќа назад. Кај чисто физичките киднапирања можеме навреме да ги забележиме, да направиме некој штит или да дадеме физички или некој друг отпор.

Примерите вклучуваат аудио и видео рикордери кои се активираат со глас, метални оклопи, ултравиолетови светла, полиња на „бел“ шум итн.

Може ли нешто да се направи за да се запрат нивните планови?

Вонземјените планови во многу зависат од нас, дали колективно ќе се одрекнеме од нашата слободна волја. Ако тие се појават подмолно како „спасители“, а хибридите се претстават како позитивен чекор во човечката еволуција, тогаш луѓето веројатно радо ќе ги поддржат.

Човечката ентузијастичка поткрепа на вонземјените „спасители“ би можела да биде доволно голема за да не поведе кон сузбивање на каков било отпор, зашто луѓето воопшто не би ги виделе како непријатели на развојот и еволуцијата на човештвото.

Сепак, ако доволно луѓе пред тоа бидат информирани за нивните планови, тогаш нивната измама нема да биде успешна. Секогаш некаде би се започнала дебата, би се отворила дискусија и би се разменувале информации за да се разоткријат и прикажат во нивното стварно „светло“ (односно мрак). Кога се повеќе луѓе информирани, колективната слободна волја нема да се предаде на толку глупав начин.

Што прават тие за да ги спречат човечкиот бунт и отпор?

Пред информатичката ера, знаењето беше мошне лесно да се скрие. Денес е лесно луѓето да се збунат со дезинформации. Вонземјаните и тајната влада сега работат се за да го спречат или корумпираат ширењето на знаење во секој поглед. Ги бараат и ги уништуваат оние кои сакаат да ја откријат вистината, ја слабеат способноста на други сами да ја распознаат вистината и ги програмираат другите моментно да ја отфрлат или игнорираат вистината (обично да ја исмеваат) секогаш кога ќе ја слушнат.

На индивидуите кои се смета дека се закана на нивниот план им се придава посебно внимание. Тие се киднапираат и имплатираат за да се посматраат. Потоа ги согледуваат нивните слабости и ги киднапираат се додека не им се вметне „програма“ со пост-хипнотички сугестии за да имаат самоубиствени мисли, емоции и однесување. Ако и тогаш даваат отпор, општеството ги исмејува и дискредитира. Оние со помала духовна јачина трпат последици на постојано насилство.

Зошто негативните сили едноставно не ги ликвидираат?

Поради метафизички причини, не се сите оние кои тие ги целат лесно уништливи мети и не можат така лесно да бидат убиени-тие мораат доброволно да го изберат своето уништување. Сепак, се зависи од нивната духовна сила. Доколку таа опадне, тогаш тие стануваат ранливи и можат лесно да станат и жртви. Оние што ќе снеможат, обично се разболуваат од болести какошто е на пример ракот кој ги убива тивко, некои се трајно киднапирани и „конзумирани“, а други умираат во чудни несреќи.

Исто така е можно и мошне ефикасно чувствителните индивидуалци да бидат незабележано убиени, реанимирани и заменети како дезинформирачки агенти. Тие тогаш можат да служат за враќање на старо се што е сторено, како што било пред да се заменети. Тоа често им се случува на ранливи автори на книги на тема НЛО и вонземјани, истражувачи, политичари и научници.

Доколку таа замена се направи незабележано, некој може обично да забележи драстична и вознемирувачка промена во нивните истражувања и однесување. Други, кои не ја осознале вистината за себе и кои веруваат во своите кредибилни извори, не го забележуваат тоа „поместување“, па и натаму ги следат. Како што може да се види, нема замена за личната моќ на расудување и спиритуалната флексибилност која доаѓа со интегритетот и знаењето.

Освен луѓе кои се програмирани или заменети како дезинформирачки агенти, како уште негативните сили го спречуваат ширењето на знаењето?

Силата на волјата, знаењето, спиритуалната флексибилност, менталната и емоционалната чистотија се квалитети кои редуцираат нечие ниво на подложност на влијанија на негативни сили. Овде се милиони луѓе кои ги немаат тие квалитети поради едноставноста на нивната причина за инкарнација. Тоа ги прави мошне лесни за манипулирање од страна на вонземјените сили и тајната влада која служи како одбивник за сите последици на „дестабилизирање на системот“ од страна на некои бунтовни индивидуалци.

Нивната функција во вонземјениот план е да служат како „скриен аларм“ меѓу човечките маси, кои во име на власта врши притисок врз сите „црни овци“, односно служи за нивно исмејување и воспоставување на тн. консензус на реалноста, па така и за неутрализирање на влијанијата на она малцинство на човечки суштества кое ја бара вистината. Тие исто така имаат афинитет за дружење со трагачите по вистина и ги вовлекуваат во односите со себе при кои им црпат енергија или во пријателства чија цел е овие да ги успијат, да им го одвлечат вниманието во други насоки или да ги саботираат.

Натаму, постојат вештачки луѓе кои се „направени“ од страна на вонземјаните кои служат како дезинформациони агенти способни да ги заведат трагачите по вистина на крив пат, преку интеракција со нив. Тие се виртуелно идентични во функција на реанимирани/заменети луѓе, освен што немаат толку конкретна лична биографија која може да се гледа. Затоа што се далечински управувани, тие прецизно можат да испорачаат дезинформација прилагодена да одговара на личниот профил на истражувачот на вистината, нешто што веќе спомнатите „скриени аларми“ го можат.

Како што можеше да се види, негативните вонземјени сили имаат мошне ефектен систем на управување, корупција и насочување на знаењето. Тој систем се состои од следното:

  1. киднапирања и самоубиствена контрола на мислите на трагачите по вистината, за да ги запрат на нивниот пат кон вистината;
  2. со притисок на општествениот систем врз нив, со помош на тн. „скриен аларм“;
  3. директно целење од страна на вештачки луѓе или органски портали;
  4. дезинформации сеени од страна на програмирани или заменети истражувачи кои претходно стекнале репутација на тоа поле.

Тоа оди во прилог на разни религии, политички, економски и научни контролни механизми, кои се веќе установени и поставени од страна на тајната влада со цел масовна контрола на луѓето.

Ако ја „разбудиме“ планетата, дали очајните вонземјени фракции ќе рескираат употреба на сила?

Тие инвестирале многу енергија со цел да обезбедат Земјата и нејзината популација да бидат експлоатирани, па нема така лесно да се откажат од тоа. Како што дискутиравме порано, силата се одржува на минимум додека стратегијата не се оптимизира да обезбеди ефикасна употреба на енергија и да се зачуваат нивните посакувани ресурси. Но понекогаш силата е единствената стратегија која преостанува. Како и секогаш, тие ќе ја користат така што други да работат за нив.

Поради нивната аверзија спрема физикалноста на нашето опкружување, тие вработуваат физички и платени суштества како нивна сила. Тоа може да вклучи и човечки војници, хибридна елита и кое било друго додатно засилување што можат да го доведат од подрачје надвор од нашиот соларен систем. Ова вклучува и војници регрутирани од други светови кои веќе ги покориле (Нефилим?). Натаму, директното соочување со 4D силите е неизбежно ако ја пречекориме нашата 3D состојба и влеземе во нивниот реалитет.

Дејствувајќи сами во нашата сегашна физичка состојба, дури и со една технолошки понапредна единствена влада, ќе бидеме безуспешни како мајмуни кои се борат против вооружени ловокрадци. Таквите услови се малку веројатни бидејќи тајната влада или хибридната елита обезбедуваат светот да не дејствува едноставно и обединето против вонземјените сили и да се сузбива секое движење на отпор.

Има ли надеж покрај сето тоа?

Да, има надеж во смисла законите на универзумот да се стремат кон воспоставување на рамнотежа на силите и ни даваат шанса за борба, како и да ја надвладееме вонземјената манипулација и преминеме надвор од нивниот дофат. Помошта што ја примаме доаѓа од повисоки извори и таа според својата природа е како еден „катализатор“, што значи дека таа само му асистира на нашиот сопствен напор.

Од нечија перспектива, 3D Земјата е малку повеќе од планетата-затвор што ја водат тиранските сили и кои сега се обидуваат да ја остварат својата „крајна цел“. Не можеме да се бориме како затвореници зашто сме преслаби. За да избегнеме поробување и ликвидирање, мораме да станеме силни така што прво да побегнеме од тој затвор- благодарение на помошта од оние кои избегале пред нас. Тоа значи да се прифати помошта од повисоките нивоа, да се надмине нашата ограничена физичка состојба и да преминеме-еволуираме и да станеме 4D суштества. Само така ќе бидеме на исто „игралиште“ со нашите вонземјени манипулатори.

Од повисока метафизичка перспектива, 3D Земјата е една тешка школа која подразбира доста патење. За да се издржи отворената вонземјена инвазија, која не само што не е невозможна, туку е неизбежна, ние мораме да направиме еден квантен скок во нашата еволуција-секоја животна лекција што сме ја научиле не доведува поблиску до „дипломирање“ на нашето тридимензионално физичко постоење. Тој процес е природен и не треба да биде форсиран-за оние кои се одлучиле да одат во правец на вистината и интегрирање со неа, нашите индивидуални судбини се испреплетени со законите на универзумот и ние сме синхорнизирано водени од раѓање за да имаме потребни искуства во рамките на подготовката за она што доаѓа.

Меѓу нас се наоѓаат и бројни напредни души од повисоки реалитети кои се инкарнирани во нашиот свет за да помогнат во дестабилизацијата на вонземјената контрола и да припомогнат во еволуцијата на оние кои се подготвени за „матура“, по првпат. Многумина не се сеќаваат што биле и од каде доаѓаат и од детството биле целени од негативни сили за самоуништување, зашто овде дошле за да го дестабилизираат овој контролен систем. Тие што ги совладуваат тие пречки нараснуваат доволно силни за придонес во големиот циклус и природниот баланс, така што шират знаење и асистираат во еволуцијата на другите. Тие се поранешни затвореници кои се вратиле назад за да им покажат на останатите како да се напушти затворот. Имајте предвид дека никој не е специјален или „избран“-секој може да придонесе во еден дел на воспоставување на природна рамнотежа и циклус, ако го следи своето срце и бара вистинско знаење.

Знаењето е клуч, ни помага да гледаме низ измами и тоа е „горивото“ на нашата еволуција. Зашто само со помош на знаењето овој вонземјен план ќе биде откриен и изложен. Со помош на знаењето ќе еволуираме и ќе стекнеме нови видици и метафизички способности кои не подготвуваат за подобра одбрана од вонземјено освојување. Одредени сили од повисоки нивоа дејствуваат за да ни помогнат-да ги научиме потребните лекции. Ако активно го бараме знаењето, патот кон него ќе ни се покаже. Ако активно го применуваме знаењето, тој пат јасно и лесно ќе го видиме. И на крајот, ако активно го делиме тоа знаење со дргуи, и останатите ќе можат полесно да поминат по тој пат.
___________________________________
Овој напис истакнува некои важни прашања врзани за вонземјените планови. Меѓутоа, тој одвај „загребува“ по површината на целокупниот проблем, па би требало да биде основа за ваше натамошно истражување. Ова во никој случај не претставува една комплетна целина.

На оние кои сакаат да стекнат малку поширока слика им препорачуваме да ги прочитаат следните книги:

Gods of Eden – William Bramley
The Threat – Dr David Jacobs
Taken – Dr Karla Turner (http://bb.1asphost.com/taken)
The Love Bite – Eve Lorgen
Into the Fringe – Dr Karla Turner
God’s Gladiators – Stuart Wilde
Tales from the Timeloop – David Icke
UFOs and the National Security State – Richard Dolan
The Allies of Humanity – Marshall Summers
Bringers of the Dawn – Barbara Marciniak
The Ra Material, Books I,II,III – Don Elkins, Carla Rueckert
Cassiopaean Transcripts – Cassiopaeans, LKJ

Секоја од нив содржи вредни детали кои ќе послужат како коцкички за сложување на еден поголем мозаик. Служете се со своето срце и интуиција за да одредите што е вистина, а со интелектот и логиката она што е лага. Истото важи и за се она што прочитавте во овој текст. На крајот, имајќи го сето тоа предвид-заклучоците извлечете ги сами.

(Преземено и преведено на македонски од Dnevnik.hr и www.montalk.net)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here