Потребно време за читање: 2 минути

Бизарности во секој час, во секој миг од животот. Околу нас, зад нас, а богами и во нас. Колку животот би ни бил сиромашен без нив…Особено без оние што ги прават луѓето за себе, за други, со луѓе или против нив.

Една Американка е уапсена зашто на својата кума ѝ ја запалила куќата откако таа ја избришала од листата на пријатели на „Фејсбук“:

-Џенифер Харис од Демојн во Ајова со искарала со пријателката Ники Расмусен, на која ѝ кумувала на свадба. Кавгата почнала околу организацијата на прославата на роденден, но толку напреднала што Ники одлучила да го прекине контактот и дури Џенифер ја избришала од листата на пријатели на FB.

Кога го видела тоа Харис почекала да падне мрак, отишла до куќата на поранешната пријателка и подметнала пожар во гаражата. Ники и нејзиниот сопруг ги разбудил мирисот на чад, па успеале да излезат надвор пред огнот да стаса до нив.

Прочитај и за ... >>  Траењето на бизарните вести

Џенифер Харис е уапсена и обвинета за упад на имот и подметнување на пожар;

Иако била во 9-ти месец од бременоста и породувањето можело да започне секој момент, одлучила сепак да се обиде да положи возачки испит и во тоа успеала:

-Шкотланѓанката Ема Френч првите породилни контракции ги почувствувала додека се наоѓала за воланот на автомобилот, но не додека се возела во „Итна“ туку додека била на возачки испит.

Иако сите ѝ советувале да не излезе на испитот, зашто би можела и да се породи во автомобилот, таа не се откажала оти сакала сепак во породилиштето да отиде со возачка дозвола.

Лудост или храброст, но Ема е пресреќна мајка-возач.

„До дозвола не се доаѓа така лесно и не сакав да го пропуштам испитот. Ако го пропуштев овој, следниот би бил дури кога ќерка ми ќе проодеше, па им премолчев и на инструкторот и на комисијата дека мојот термин за породување веќе истече. Сега имам дозвола и можам мојата ќеркичка сама да ја возам кај што ќе посакам“;

Прочитај и за ... >>  Најтенка куќа на светот

Арон Ралстон, планинар според кого е снимен филмот „127 часа“, а кој во април 2003. година самиот си ја ампутирал раката за да излезе од карпите во кои бил заглавен, подготвува нова авантура.

-Љубителот на карпи и кањони останал заглавен во карпа со шишенце вода и без храна пет дена, а единствен начин да се спаси гледал во ампутирање на раката, што го направил со ноже.

„Тоа беше момент кога направив исчекор од својот гроб во нов живот. Не се кајам што ја изгубив раката. Со тоа на себеси си покажав дека животот е важен и оти сум подготвен на сешто за да го сочувам“, изјавил авантуристот.

Ралстон денес има протетичка рака и работи како мотивационен говорник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here