Потребно време за читање: < 1 минута

60. Мој одговор на претпоставено прашање

Не сум, ниту помислувам, а камо ли да се надевам дека до крајот на животот ќе станам член на МАНУ.

Причина проста:

Не постојат јасни вредносни критериуми според кои се „заслужува“ членството (обемно творештво, негова разновидност, квалитет, критичка валоризација…врвни признанија и награди домашни и странски…), а се предлага кандидат од членови-академици или други научни институции, организации…

Моето мислечко и книжевно творештво е грандиозно (115 дела), но иако објавено на Интернет (лична твореча веб страница, но и 7 дела во книжен формат), тоа не е признаено, не е „доволно“ валоризирано (наводниците се оти не знам што значи тоа), тотално е маргинализирано и премолчено.

Во МАНУ познавам два-тројца академици, но со нив не сум „доволно близок“, а сигурен сум дека не им ни паѓа на памет да ме предложат.

Со друга научно-книжевно-уметничка институција немам апсолутно никаква „соработка“.

Претпоставеново прашање станува дури дегутантно.