Потребно време за читање: < 1 минута

34. Станување

Станува можна секоја промена
на положбата и расположбата
на моето тело,
особено во рамнотежа
меѓу стварноста, заумноста,
стаменоста и постојаноста.

На која сè помачно успевам
да ѝ се спротивставам,
која сè повеќе ме снеможи
пред секој нов почеток,
што да не можам најпрвин сам
да продолжам надминувајќи
секакви премрежија и немири.

Рамнодушен сум, студенеам
зашто по секоја пробдеана ноќ
во мрачнина, во тишина,
во длабок молк
секој нов ден ја безличи
мојата смисла на опстојот.

Станувам предвреме,
станувам повреме,
станувам сè поретко совреме
во самост.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here