Потребно време за читање: < 1 минута

79. Првиот чекор
Обично почнува
од последниот
на ближен, на ближни,
за да заврши
сосе него во немоќ,
дури без здив.
Дека веќе не сум жив
колку што сум бил.
Па се продолжува
во вториот,
кон хоризонт
или кон изгрејсонце,
може до небо,
помеѓу сомнеж
и надеж;
како да ќе запре мигум
во мене,
задуман од игрите
на уморни коњи,
едновремемно
на птици раскрилени.
Дека не се крвави
колку што биле
пред да се искачам
на врв на мој врв.
Сетне чекор по чекор,
без страв
да не се разниша
мојот спокој
откако некој ќе ме има,
ако посака,
и гол и бос
и нȇм и слеп
и поразен од молк.
Најсетне тргнувам
по знаци на твоето тело,
на твојата мисла,
по огнот во твоето срце,
во твојот крвоток;
за да достасам
до нова рожба.
Дека не дозволувам
да ме заскити
во пустелија
некоја од нашите
неизмерни возбуди.
Во меѓувреме
никој да не помисли
дека некогаш можеби
ќе се вратам снеможен
во корен на песна
која никој не знае
да ја испее
освен јас.
(Автор на сликата: Рави Мандлик, Индија)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here