Потребно време за читање: < 1 минута

82. Сомнение

Самобитна сенка ја следи во чекор Љуба и се радува на нејзиното целосно заздравување од преживеаниот мозочен удар. Целосно? Да, сите прегледи и редовни контроли го потврдуваат тоа. Доктор Веселоски веќе ја олесни терапијата, ги намали лековите, некои отпиша, а прекина и низа физотерапевтски третмани. Акцентот во најголема мера го стави на секидневното сѐ подолго изложување на сончевина и прошетките во природа. Љуба, пак, се однесува природно, како жена со самосвест и самоконтрола; дека животот ѝ нуди секакви можности, многу радосни мигови и творечки поттици. А со помош и поддршка на нејзината самобитна сенка, миговите на тага и мачнина ги надминува со сѐ поголема леснина.

Следејќи ја во чекор, на Самобитна сенка од ден на ден ѝ се зголемува сомнението дека со Љуба сепак нешто не е в ред. Не ѝ изгледа дека е целосно заздравена покрај уверувањето на нејзиниот Веселовски и покрај расположбата на Љуба. Од каде е и какво е нејзиното сомнение?

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА VIII

Се сомнева поради нејзните реакции додека трите заедно-таа, Љуба и нејзината самобитна сенка се пред платно, додека сликаат портрет. Имено, одвреме-навреме, особено кога таа прави потези со боите и четкичката, напросто се губи. Како да не е таа, туку некоја друга, непозната! Како да  тоне во единствено нејзин, на Самобитна сенка непознат, незнаен внатрешен свет. Тоа трае извесно време, а потоа како да се буди наеднаш и минута-две се радува, се смее, поскокнува, се врти околу штафелајот. Многу детинесто.

Сепак, сомнението на Самобитна сенка најмногу ѝ иде од настојчивоста на Љуба на секое платно да доминира црната боја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here