Потребно време за читање: < 1 минута

30. Слабаци

-Никој од нас не е слабак и сите сме слабаци пред некој или нешто,-им вели еден на тројца други. Млади се, на иста или приближна возраст, на свои дваесет и три-дваесет и четири години.

Седнале во кафуле и пијат кафе. Опуштени, како да се сами и како да седат со часови, без помисла да станат и да се разотидат.

-Ај не биди контрадикторен,-како да го напаѓа седнатиот спроти него.-Ако сме слабаци пред некој или нешто, тогаш сме слабаци и тоа е тоа.

-Јас не сум!-тврдо возвраќа првиот.-Да бидеш слаб пред некој или нешто не значи дека си слабак по природа. Само значи дека те погодило или те прави немоќен некое време во некоја ситуација.

Се вмешува младичот седнат лево од него:

-Тоа не мора да е слабост, туку едноставно ти се разбуричкале емоциите и те заробиле. Кога тврдиш дека никој од нас не е слабак, веројатно мислиш на издржувањето на нозе пред разни и мали и големи премрежија, а особено кога човек веќе не може да издржи.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

Младичот десно од првиот:

-А бре, што се фативте за таа тема? Каква врска има таа со нас? Се собравме на едно кафе, а не оти сме или не сме слабаци. Баталете!

-Што па ти се правиш недоветен? Не го гледаш нашево другарче до тебе колку е скиснат, омлитавен? Му раскинала женската и готов е! Наместо заедно да му влееме кураж оти ни тој ни ние заедно не сме слабаци, ти велиш да го оставиме, за една женска да се докусури!

Реагира младичот што почна прв за слабаците и слабоста:

-Ако ги испивте кафињата, да станеме.

Стануваат и еде по еден го напуштаат кафулето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here