Потребно време за читање: < 1 минута

Сè уште на Море како дел од патувањето
на Марија Имотска и Јасен Виорски

Сега ти на еден балкон. Се наведнуваш и ја гледаш празната улица. Измислувам. Точно! Улицата има сина боја. Како Морето. Морето личи на улицата што ја минуваше секое утро и седнуваше на тротоарот за да изброиш колку автомобили ќе поминат додека не те викнам на појадок. Ова како врска со деталот од твојата прва средба со Морето. Се разбира, мислам и на Посејдон. Помисли дека дрвјата што одеа кон брегот се високи мермерни столбови…Утрото имаше свеж воздух и по малку те болеше во градите. Да се сетиш на годините додека правевме куќа!

Добро што дојдовме. Убаво е овде, рече Марија Имотска.

Ајде да видиме колку се слегува до Морето, рече Јасен Виорски.

Има многу трева во водава, извикаа децат застанати на една карпа.

Водата личеше на улицата што ја минуваа секое утро, а таа седнуваше на тротоарот за да изброи колку автомобили ќе поминат додека не ја викнат на појадок.

Прочитај и за ... >>  ДЕТАЉ II

Подолу е чиста, викна Јасен Виорски качен на друга карпа и загледан во хоризонтот.

Некој истурил млеко во Морето, викна Марија Имотска.

Сонцето имаше црвена боја рано наутро. Тие рекоа дека е многу убаво и секој ден ќе стануваат рано за да го гледаат.

Зошто сега ова, Јасене Виорски?

Ако измислуваме чудни настани што сме ги доживеале лиочно или не, чудни според своите почетоци и на крајот, а кои ќе им противречат на нашите лица, на нашите навики, ќе биде нарушена рамнотежата на нашите светови! Затоа и восклиците, Марија Имотска. И она што мислиме дека треба да се изедначи со нив. Па и баналноста да биде дел од од нив. Сè тоа во еден, наш свет. Зашто е со нас! За да не нè совладува!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here