Зошто мажите ги лажат жените?

0
25

Мажот ја лаже жената за да го добие нејзиното одобрение оти едноставно не може без него. Лаже и за да се истакне во група, а лаже и затоа што така полесно го избегнува вистинското решавање на проблемот, односно соочувањето со него.

Стотина вистини не можат да ѝ парираат на блескавите чари на лагата, рекол некој, а некои мажи очигледно во тоа веруваат. Еве што всушност мислат додека зборуваат некои работи:

Изјавата „Сакам паметни жени“ може исто така да значи „Па, признавам дека си паметна, но те молам немој тоа да ми го докажуваш. Никој не сака паметни коментари, особено јас, толку несигурен“. Или може да значи: „Всушност не мислам дека си паметна. И знам дека си подготвена да се потрудиш и да го докажеш спротивното. За нешто да докажеш, подготвена си да направиш сѐ што јас сакам да направиш“.

„”Никогаш не одам в кревет на првиот состанок“ всушност значи само едно: „Подготвен сум да водам љубов со тебе веднаш, но нема да ти го кажам тоа додека не бидам сигурен дека нема да кажеш ‘не'”.

Кога вели дека бара жена за сериозна врска, но самиот не е сигурен дали е создаден за неа, го вели ова: „Ти си ОК засега. Но ги држам очите отворени“.

Со изјавата „Не сум добар како што изгледам“ всушност предупредува: „Немој да се возбудиш кога ќе те оставам поради друга“, а со изјавата „Сексот не игра голема улога во мојот живот“ го зборува спротивното од она што го тврди.

Ако вели дека ја сака својата слобода и оти навикнал да биде сам, всушност ве предупредува дека нема да ги даде клучевите од својот стан во случај некого да ‘собере’. „Мислам дека е време сам да донесам одлуки“, всушност значи дека има намера да ве остави.

Освен двосмисленоста на речениците кои не мораат вака да се толкуваат, лажливецот сепак најдобро се познава според неговите гестови и држење.

Ако мажот ги држи рацете околу устата или главата, ако го трие носот или слепоочницата, или го затегнува околувратникот, сигурно не му е пријатно оти ги прикрива своите вистински намери.

Исто така, ако ги држи рацете прекрстени или ги држи на колковите (типичен агресивен машки став), или ви врти грб додека му зборувате, би требало да се загрижите во врска со неговата искреност.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion