Животните ги разбираат луѓето?

0
9

Сѐ уште се верува дека артикулираното општење е една од разликите помеѓу луѓето и животните. Сѐ уште, затоа што многумина не се информирани за најновите резултати од сериозни, научни истражувања.

Тие покажуваат дека постојат говорни способности заеднички и за едните и за другите.

-Стаорците според ритамот го разликуваат данскиот од јапонскиот јазик!

Истражувањата на шпански научници укажуваат дека животните, особено цицачите, развиле некои способности значително пред да се појави јазикот. Првпат се покажува дека тие вештини, освен луѓето и животните како што се мајмуните, ги имаат и припадници на други видови.

Истражувачи предводени од Хуан Тор, од Научниот парк во Барцелона, испитале 65 возрасни стаорци. Во огледот користеле дански и јапонски јазик, зашто многу се разликуваат во зборовите, ритамот и составот. Во текот на испитувањето стаорците се научени да се одѕиваат на слушање на еден од тие јазици, добивајќи храна како награда.

Потоа се поделени во четири групи: првата од изворните говорници ги слушала двата јазика, втората слушала вештачки (синтетизиран) јазик, на третата на обата јазика и читале различни луѓе, а четвртата слушала јазик наназад.

Животните кои заработиле храна зашто „одговарале“ на јапонскиот не се одзивале на данскиот јазик. Наспроти нив, извежбаните да го препознаваат данскиот не се ни помрднале на јапонскиот.

Резултатите покажаа дека стаорците разликуваат јазици кога ги изговара едно, а не ги разликуваат кога ги слушаат од различни лица. Новороденчињата исто така се соочуваат со истата неволја;

-Мајмуните тамарини разликуваат јазици дури кога ги говорат и разни луѓе.

Студијата покажува „кои говорни способности им се заеднички на луѓето и животните, а кои се исклучиво човечки“, откривајќи „што во еволуцијата и претходело на појавата на јазиците“;

-Свињите се чувствителни, интелигентни животни, кои прават јаки социјални врски со останатите свињи. Попаметни се од кучињата и тригодишни деца!

Тие се дружељубиви и дури сакаат да играат видео игри!

За жал, свињите во денешните модерни фарми немаат никаква удобност. Повеќето од нив сиот свој живот го минуваат во тешки бетонски штали, во неможност да дишат свеж воздух, да се играат или да работат што било друго што им е во природата.

Женските свињи се нежни, заштитнички мајки и, ако им се пружи можност, прават удобни гнезда за нивното потомство. За жал, свињите што се користат за човечка исхрана се држат во бетонски боксови кои се толку мали што тие дури не можат удобно да легнат, ниту да се свртат и да се грижат за своите прасиња. Осамени и досадувајќи се, овие чувствителни и друштвени животни полудуваат така затворени.

Свињите во модерните фарми го минуваат својот животен век во бол пред да ги претворат во крменадла, сланина, колбас или суви ребренца. Го минуваат животот во затворени збиени штали, а бидејќи како бебиња повеќето прасиња се кастрирани, опашите им се отсечени, забите истружени со турпија, а ушите им се потсечени-и тоа се без анестезија и ублажувач на болка.

Прасињата се бебиња што се колат!

Свињата во природно прстојувалиште може да поживее од 12 до 15 години. За жал, свињите кои се убиваат за човечка исхрана кога се натоваруваат во пренатрупаните камиони со останатите многубројни свињи и се возат низ сите временски (не)услови до кланиците, се стари само 5 месеци! Кога ќе стасаат во кланица, ги обесуваат наопаку и додека им го пресечат грлото многу од нив се се уште при чиста свест;

-Делфините се препознаваат меѓусебе како и луѓето.

Истражувањето на отсекот за прочување на морски цицачи на универзитетот „Сент Ендрју“ докажале дека делфините ја делат човечката способност на индивидуално препознавање на себе си и на останатите членови на својот вид. Комуницираат со посебен вид на свиреж, силно реагирајќи на свирежите на роднините и пријателите, додека звуците на непознати делфини главно ги игнорираат.

Ова истражување води кон ново проценување на нивната интелигенција и поставување на морални прашања за односот на човекот спрема делфинот.

„Уште поинтересно од тоа е фактот дека два делфина можат да спомнуваат трет по име“, изјави Лаела Сајиг, еден од тројцата автори на трудот објавен на Националната академија на науките. „Делфините произведуваат свирежи кои, како имињата, еднозначно ја идентификуваат единката“.

Интересни истражувања над делфините се извршени од Сарасота Беј, во Флорида. Наместо репродукција на звук на вистински делфини, на делфините им се пуштани синтетизирани свирежи кои содржеле карактеристични информации на свирежи на вистински делфини.

Во 9 од 14 случаи делфините му приоѓале на звучникот само ако го слушнале карактеристичниот свиреж на познати делфини.

„Фактот дека делфините користат свирежи како референтни сигнали, т..е како зборови, е мошне интересно откритие кое не поттикнува на натамошно истражување. Делфините ги користат тие сигнали за да идентификуваат други делфини“.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion