macka
Потребно време за читање: 2 минути

Иако антрополозите ги сметаа за „најзалудни“ животни на светот, на мачките им оди одлично. Во последниве 20 години тие практично станаа попопуларни од кучињата. На нив некогаш се гледаше како на мали, влакнести суштества кои спијат по 16 часа дневно и постојано се лепат на извор на топлина, односно нам. Меѓутоа, денес мачката има нова фигуричка во популарната игра „Монопол“.

Во новата ера држењето мачки има значајни предности. Доказите велат дека 5.000 години по фараоните влегуваме во нова ера на обожување на мачки.

За почеток, мачките владеат со Интернет како највмрежани миленици. Понекоја панда, кучиња како изведуваат трикови и на илјадници снимки на мачки.

Бизарно звучи фактот дека најпопуларната мачка на светот- Мара има близу 188 милиони прегледи на својот Јутјуб канал, а тоа е двојно повеќе од страницата на Белата куќа.

Една од можните причини зошто мачките го зазедоа светот е фактот дека нивните сопственици, со оглед на тоа дека не мораат да ги шетаат повеќе пати дневно, просто минуваат повеќе време на Интернет. Сепак, некои тоа го објаснуваат поинаку.
Мајкл Нувал, професор по уметност и филозофија на Кент универзитетот, мисли дека мачките се водечки манипулатори со човечките емоции и оти Интернет им е одлична сцена токму за манипулирање.

Прочитај и за ... >>  Дали мајмуните се смеат?

Палавостите на мачките се позабавни кога им се случуваат на други луѓе.
„Мачките се мошне експресивни, па затоа се совршено платно за човечките емоции“, тврди Бен Хах, основач на Cheezburger, еден од најпопуларните фан сајтови за мачки.
Што направија мачките за нас?

Ова е разумно прашање. Дури и најактивните мачки 85% од своето време го минуваат не работејќи ништо. Тие своето време го минуваат во грицкање, гребење на мебелот, парење и следење на своите сопственици. А потоа пак тура на спиење.

За мачките велат дека се врзуваат за простор, а не за луѓе и оти, како што велат антрополозите, им фали реална намера.

Факт е дека мачките биле тука пред нас. Бидејќи животот во дивина бил заморен и непредвидлив, ја виделе својата перспектива покрај човекот.

Во замена за храна и засолниште, тие некогаш бркаа глувци, стаорци и птици. Со векови подоцна, со појавата на отрови и пестициди и оваа нивна улога е избришана.
Меѓутоа, мачките открија нова, подобра и покорисна улога во животот на човекот. Тие нѐ забавуваат, ни прават друштво и прават да ги цениме.

Прочитај и за ... >>  Како ајкулите го откриваат пленот?

Како што еднаш рекол Фројд:

„Времето поминато со мачка никогаш не е изгубено“.
Можеби токму мачките се совршени миленици за времињата сегашни и кои доаѓаат. Времиња во кои се дружиме сѐ помалку, а повеќе сме свртени кон себеси.

(Извор: Guardian.co.uk)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here