Пуштете ги децата повторно да бидат деца

0
35

Искусниот германски психијатар за деца и адолесценти Михаел Винтерхоф има објавено неколку книги со тема „деца тирани“. Една посветил на проблемите на нивните родители.

Михаел Винтерхоф во „Пуштете ги децата повторно да бидат деца-враќање на интуицијата“ (Lasst Kinder wieder Kinder sein) пишува дека има сѐ повеќе возрасни кои не се во состојба со останатите луѓе да воспоставуваат „нормални односи“, неоптоварени со потсвесни проблеми, па според тоа ни со деца.

„Зад проблемите на децата, како што се тешкотиите во учењето и проблемите на емоционален и социјален план, се наоѓа сосема друга заднина одошто тоа беше случај пред 15 години. Тие проблеми тогаш ги објаснувавме со животната приказна на родителите, додека денес тоа се големите општествени промени чии последици не ги чувствуваат само возрасните, туку преку нив и децата. Во време во кое недостасуваат мир и стабилност на децата им е се потешко да се развиваат емоционално и социјално, во согласност со својата возраст“, вели тој.

Сеприсутното продирање на негативни вести, личната преоптовареност поради брзиот развој на општеството и техниката, дестабилизацијата на условите на животот-ретко кој денес има сигурно работно место или стабилен брак-предизвикуваат некој вид масовна траума. Кога таткото и мајката се постојано „под напон“, детето не може да се развие, оценува овој психијатар.

Од 90-тите години на минатиот век дојде до битни промени во нашето општество-премин од аналогна на дигитална техника, перманентна достапност (благодарение на мобилните телефони), катастрофални вести од целиот свет кои допираат до нас и во најинтимните простори-нашите станови. Човекот перманентно се наоѓа во вонредна состојба. Исчезна здравото тло кое порано ни даваше сигурност, а медиумите секојдневно не хранат со вести за катастрофи: војна, глад-и човек нема друг избор од 24 часа да биде на нозе и „да спасува што можем да се спаси“.

Луѓето се однесуваат како навистина да се наоѓаат во катастрофа. Возрасните кои се постојано во „модусот на катастрофа“ својот стрес и немир го пренесуваат на децата. Тие интуитивно повеќе не се однесуваат правилно. Како пример, М. Винтерхоф ги наведува родителите кои се впуштаат во бескрајни дискусии со малите деца за да им објаснат зошто не смеат да преминат преку улица, наместо едноставно да им се каже што можат, а што не.

Детето не бара партнер, туку родител и често е преоптоварено со сложени објасненија. Што се случува со децата за кои ништо не се презема, а кои во таква ситуација се блокирани во својот развој? Винтерхоф вели:

„Тие деца ќе имаат проблеми во животот, во односите со други луѓе. Ќе им недостасува емпатија, ќе им биде тешко да се интегрираат во професионалниот живот. Мислам дека во наредните години бројот на млади кои го прекинуваат професионалното школување, на пример, ќе биде се поголем“.

Но, ситуацијата не е безизлезна. Михаел Винтерхоф вели дека до 20-тата година се може да се надомести:

„Лечењето трае година ипол, но предуслов е возрасните повторно да ги пронајдат мирот и интуитивниот пат до детето“.

Тој укажува на алтернативите кои овозможуваат враќање на интуитивното однесување-за децата повторно да можат да бидат она што се-деца.

(Извор: DW-WORLD.DE) 2012-04-20

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion