Родители и деца-од „правење“ до растење

Потребно време за читање: < 1 минута

Многу важни и интересни сознанија, откритија и стручни препораки за случувањата помеѓу родителите и децата. Меѓу другото, за точниот тајминг за „правење“ деца и потребата детето да биде што подолго надвор.

Нашиот внатрешен часовник диктира што би требало да се право во точно одредено време, односно кое време е оптимално за секс, кафе, вежбање, земање на лекови итн. Ова го покажа истражувањето на London School of Economics.

Ако сакате да имате дете, идеално време е во 8 часот наутро зашто машките сперматозоиди се тогаш со најголема сила!

Треба да ви се изврши операција? Инсистирајте да биде во 10 часот наутро. Истражувањето на 90.000 случаи покажа дека операциите во тоа време главно минуваат со најмалку проблеми.

Попладнето е идеално за вежба зашто градите во својот максимум се некаде околу 16 часот.

Совршеното време вреди и за одредени денови во неделата. Студијата на Society for Industrial and Organisational Psychology покажа дека најпродуктивен ден во неделата е- вторник.

Прочитај и за ... >>  Удирањето на детето „по газе“ влијае врз подоцнежниот сексуален живот

Најдобар ден за љубов е среда, така тврдат 40% од 8.000 испитаници во потрага по љубов. Наводно средата е и најдобар ден за барање на зголемување на платата.

А дали се сеќавате на своето детство? Да, сте биле надвор од утро до мрак, особено кога е времето совршено за играње.

Сега нештата се сосема изменети. Сега секое дете во просек минува 4 ипол часа дневно пред телевизор, видео игри или монитор. Поради ваквата содржина многу деца немаат претстава за тоа што значи играње надвор.

За жал, децата кои не минуваат доволно време со други деца немаат раазвиена комуникација, вербално се послаби и им е намалена способноста за брзо и лесно решавање на проблеми.

Leave the first comment