Движење, трчање, вежбање dvizenje, drcanje, vezbanje
Потребно време за читање: 3 минути

Според стандардите на еволуцијата на човекот, трчањето и одењето долго биле единствен и основен вид на движење. Модерниот живот го наметнува „ритамот“ на пасивноста, на сѐ поинско ниво на активност, а на кој човечкото тело тешко се адаптира. Најчесто со повремени или трајни последици по здравјето.

Никогаш не е доцна да почнете да се движите и да вежбате, а на тој начин да го намалите ризикот од срцеви заболувања, тврдат германските научници. Според нив, вежбите не мора да бидат напорни, доволна е прошетката.

А со редовно вежбање ја намалувате и опасноста од мозочен удар. Ова особено се однесува на постарите лица и дијабетичарите.

Може да се рече дека телото на современиот човек веќе „заборава“ на трчањето во секојдневниот живот. Тоа станало непотребно. Меѓутоа, од друга страна квалитетното нефункционирање на телото најмногу му „должи“ токму на нетрчањето.

Со децении на ред во целиот свет се стимулира рекреативното трчање. Познато е дека некои од најголемите спортски фирми потекнале токму од трчањето. Причината е едноставна: не постои локација на светот на која нема тркачки трки, а трчањето е најмасовен спорт.

Спортските и здравствените стручњаци посочуваат дека редовното лесно трачње нуди многу бенефиции за физичкото и психичкото здравје, а служи и како превенција за речиси секоја болест. Оние што трчаат имаат, на пример, драстично помал ризик од дегенеративни заболувања, како што се кардиоваскуларните, или невродегенеративни и рак. Тие, пак, спаѓаат во најсмртоносните во целиот свет.

Прочитај и за ... >>  Предупредување на невролозите: удирањето топка со глава го оштетува мозокот!

Кога станува збор за трчањето, нужно е да се истакне дека тоа не служи само како превенција од болести, туку и го подобрува физичкиот и психичкот квалитет на животот. Се смета дека во забрзаните денови, особено работните, 30 минути утринско трчање нуди исклучување од стресот на секојдневјето и шанса за медитација.

Од многуте совети како најбрзо и најлесно да го вклучите трчањето во вашето секојдневје, ги издвојуваме следниве:

-купете патики за трчање, барем половина број поголеми; проверете на Интернет дали тие се препорачани од други како добри;

-почнете со трчање многу полека; прва цел нека ви биде 3 пати по 30 минути неделно во првите две недели; ако ви е тешко да трчате 30 минути без запирање, тогаш правете кратки паузи со забрзано одење; клучно е да се трча што е можно побавно, за брзо да не се задишете;

-не правете прекини во трчањето; тоа треба да стане редовна активност која е непрестан дел од вашиот живот; од недела во недела, од година во година трчањето треба да биде составен дел од вашата рутина; познато е дека трчањето е најефектно ако е постојано присутно;

Прочитај и за ... >>  Спортовите и здравјето

-запишувајте ги тренинзите (траењето на тренингот, патеката…); ова е важно поради одржување на рутината; многу е важно да не се зголемува времето на трчање од недела во недела за повеќе од 10% вкупно време-значи ако една недела вкупно трчате 120 минути, следната не би требало да трчате повеќе од 132 минути; дневникот на тренинзите ќе ви помогне во почитувањето на ова правило;

-истражувајте додека трчате; најнапред, немојте да трчате постојано иста патека- истражувајте го вашето опкружување низ трчањето; градовите изгледаат сосема поинаку кога се трча низ нив, а нема ништо поубаво од трчање рано наутро по патеки на некоја шума или парк;

-кога ќе почувствувате дека сте доволно подготвени, изберете трка за која сакате да се подготвите; ако немате компетитивен карактер и не сте љубител на натпреварот, тогаш трката треба да ја сфатите како искуство што ќе го споделите со другите учесници; трките се мошне корисни како цел и кулминација на вашиот тренинг и се клучни за мотивацијата; не морате да победите, важно е да учествувате и да завршите, а најважно да уживат;

Прочитај и за ... >>  Пливачките костими LZR Racer

-истражувачите го проучувале влијанието на телесните активности на пациентите заболени од коронарни срцеви заболувања и група на здрави лица на иста возраст; утврдено е дека лицата кои вежбаат цел живот имаат најнизок ризик од болеста која е најголем причинител за смрт во индустријализираните земји.

Пушењето, дијабетесот и високиот притисок, кои се ризични фактори за срцеви заболувања, биле почеста појава помеѓу заболените отколку помеѓу здравите луѓе.

Луѓето кои вежбаат цел живот имаат за 60% понизок ризик од коронарна срцева болест. Лицата кои ги смениле навиките и почнале да вежбаат по 40-тата година имаат 55% понизок ризик отколку оние кои секогаш се неактивни;

-„Се советува трчање, пешачење, пливање или возење на велосипед во траење од половина час, 3 пати неделно”, препорачува доктор Курт Беил, член на Професионалното здружение на германски невролози од градот Неуш, во близина на Келн.

За намалување на зголемениот холестерол и високото ниво на шеќер во крвта, кои ги оштетуваат крвните садови, помага и исхраната со помалку маснотии.

Според германските доктори, редовното вежбање може да го намали ризикот од мозочен удар за 40%.

„Избалансираната исхрана, со многу овошје и зеленчук, немасно месо, риба и маргарин, наместо путер, исто така е препорачлива“, додаде Беил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here