Анимати- роботи- вештачка интелигенција

0
25

Кој е авторот на терминот робот? Големиот чешки писател и сатиричар Карел Чапек го изведе од чешкиот робот– роб.. За првпат го употреби во драмата „R. U. R.“ (Rossums Universal Robots) од 1920. г.

А што се анимати?

Упростено речено, анимати се ситни електронски роботи втемелени врз морфологијата на животните или вештачки животни, своевиден огранок на вештачката интелигенција. Потеклото на зборот анимат доаѓа од зборовите animal, што значи битие, суштество, животно, и автомат, а како новолатинска кованица.

Ронди Брукс, професор на Технолошкиот институт во Масачустст, кој се занимава со вештачка интелигенција, своевремено посочи на мравките, термитите и пчелите кои градат сложени структури со мошне едноставна стратегија: секоја единка е важна, а резултатот произлегува од збирот на индивидуалните дејности. Во таа смисла и „армија“ на вештачки создадени електронски роботи во вид на мали морски ракови би можеле, на пример, на Месечината да минуваат низ терен, да го испитуваат со ножињата со сензори, да ги поместуваат камењата, да копаат, рилаат-без оглед на температурата и радијацијата. За нив не постојат пречки како што се гладот, жедта или заморот. Ако, пак, се случи некој од нив да се расипе, работата ја продолжуваат сите останати.

Можеби таквите вештачки суштества би можеле да утврдат дали се погодни условите за живот на Месечината и какви се, односно што се треба да нудат идните населби на неа.

На еден семинар за аниматите во Париз, пред 20-тина години, Мартин Хивел-Снејт, од британската фирма „Таг“, го прикажа во од четириножниот анимат „Игор“, кој предизвика исклучително силен аплауз. Тој потсетуваше на скакулец, имаше само осум неврони создадени со микропорцесори, а наскоро се „роди“ и нова варијанта со 12 неврони.

Роботите денес демонтираат бомби, се нурнуваат до дното на Мексиканскот залив за да следат излевање на нафта од оштетена бушотина, ја проучуваат вселената и ни служат како очи, раце и нозе. Новата генерација „паметин“ и разновидни машини ги заменуваат луѓето во разни корисни, безопасни, но и опасни по животот и еднакво чисти и валкани работи.

На пример, роботската правосмукала Roomba, една сплескана и тркалезна направа не поширока од фудбалска топка и повисока од човечкиот глужд, забрзано се движи испуштајќи слаб звук на брчење додека ја вшмукува правта.

Компанијата I-Robot изработува најмодерни роботи за широк спектар на употреба-од далечински контролирани единици за демонтирање на бомби, па до роботи кои еден ден на инвалид би можеле да му помогнат да облече кошула и да ја закопча.

Меѓународното здружение за возила без човечки екипаж изработува роботи дизајнирани за воени примени, со нагласка дека цивилните апликации вртоглаво растат.

Посебно внимание предизвикуваат роверите наречени LANdroid. Тие се доволно мали да можат да се испратат во канализациона цевка, тунел или некој друг тесен простор, од каде што, водени со далечински управувач, испраќаат видео снимки на она што го „гледаат“. Ги дизајнирал специјалниот оддел на американското министерство за одбрана DARPA-што значи Defense Advanced Research Projects Agency.

(За DARPA: таа често предводи истражувања во нови технологии, а е позната според многу изуми, меѓу другите и на Arpaneta, кој беше предвесник на Интернет во 60-тите години, потоа ракетите Saturn-5, невидливите „Stealth“ авиони и др.)

Програмата на DARPA наречена „Автономна роботска манипулација“ (скратено ARM), се состои од глава, врат, рака и торзо со човечка големина. Типичниот ARM робот се помрднува како марионета, и тоа само кога човек манипулира со неговите зглобови; или во една од другите верзии работи некоја специфична задача, на пример поставува врата на каросерија на автомобил на фабричка лента. Тој исто така може да погледа во разурнат куп на блокови, да го пронајде оној со одреден изглед, да го извлече со своите роботски прсти и да го постави на некое друго место. Неговиот развој предвидува поголеми способности на расудување и оценување на потребните дејанија во време на извршување на задачите.

Важно сознание: роботите ја интригираат книжевноста и другите уметности да ја промислуваат евентуалната мрачна страна на напредокот.

Со романите на Карел Чапек научната фантастика како жанр уште во 20-тите години на минатиот век влезе во книжевноста, а мошне брзо ја освои и најмаркантната уметност- филмот. Ланговиот „Метрополис“, филмовите за Франкенштајн, серијата „Ѕвездени патеки“, „Blade Runner“ на Ридли Скот, Лукасовите „Војни на ѕвездите“ одамна ги надминаа рамките на филмската уметност и станаа општи места на популарната култура и уметност.

Веќе се реализирани трудови, главно мултимедија, инсталации, видео и проширени медиуми на 20-мина европски, американски и австралиски уметници, во распон од класици-оригинални скулптури на роботицата на Ланговиот „Метрополис“.

Големо внимание предизвика „Во сенката на ларвата“, на германскиот уметник Јохан Бок. Тој снимил 74 минути долг црно-бел нем филм. Се работи за линеарна приказна за тројца-свештеник (го глуми самиот уметник), научник и сопруга на научникот во текот на создавање и оживување на еден андроид со силни емоции.

Инсталацијата на Ники Пасат „Зое“ содржи мали роботи слични на механички пајаци кои се во состојба да реагираат на публиката. Ако некој им се доближи, тие се збиваат и се свртуваат кон посматрачот, но секогаш во зададени координати на движење. Некои излегуваат од групата и ја нарушуваат нивната динамика.

Особено квалитетно дело е интерактивната инсталација „V.O.C.A.L.“ на Сибил Хауерт и Даниел Рајхмут: преку предимензионирани слушалки ги повикува на разговор. Се поставуваат низа прашања поврзани со филозофски за свеста, битието, знаењето, мислењето и чувствувањето, и одговори-дава своја проценка машината, значи елемент без душа, дали сме на скалата на човечноста поблиску до степенот на човекот или машината.

Роботите сметаат, конструираат, анализираат, градат и овозможуваат раст на структури со кои архитектите натаму се користат во својата работа. Врв на цинизмот е елегантниот „Booby Trap“ на Лук Матенбергер. Додатниот складишник на борбениот авион Northrop F-5 Tiger на швајцарската воена авијација истовремено може да се користи и како jet-ski на воден погон. Значи, станува збор за истовремена забава и можност за сеење смрт. Елегантно, на далечинско управување, без ризик кој ја носи борбата гради в гради и без валкање на рацете.

Главно прашање: дали ни се подготвува мрачното сценарио на раните класици на научната фантастика или соживот со машините? Одговорот е: сѐ зависи дали гледате полуполна или полупразна чаша.

А како вовед во проблематиката на вештачката интелигенција, потсетуваме на приказната на Исак Асимов за робот кој почнува да покажува човечки особини-да сонува.

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion