Потребно време за читање: < 1 минута

57. Против печатена книга

Што се однесува на мојот став против книгата во печатен формат и нејзината перспектива (искажан досега многупати):

Се разбира, тоа се однесува само на моето творештво (не дозволувам „стандардно“ печатење), а нејзината перспектива (опстанок) ја „гледам“ единствено како библиофилски-посебни-нумерирани-„уметнички“ изданија -калиграфски, кожени, дрвени, глинени, папирусни, пергаментни…мултимедијални; папирусни, пергаментни…; со посебна-голема вредност.

Станува збор за неминовен процес на дигитална трансформација на книгата, како на сè друго во „модерниов“ живот.

Електронските и аудио книги (дури и во форма на аудио-визуелна „интеракција“) се одамна присутни во светот на издаваштвото; паралелно со печатените изданија, а таа-паралелноста се смета за своевидна „меѓуфаза“.

Посочувам на уште три важни моменти кои многу скоро ќе го збришат печатениот формат на книгата, осообено кога станува збор за неговото масовно присуство-тиражните изданија: приватизацијата на издавачката дејност, пред сè поврзана со трошоците за печатење книга (во тиражи кои не можат да се продадат, сеедно дали се големи или мали, наспроти цената на книгата и „навиката за читање“-која, пак, се разбира како веќе „старомодно“ читање токму на печатени книги); достапноста и постојаното присуство (во кое било време) на електронските и аудио книги (компјутер, таблет, мобилен телефон, УСБ стик меморија); и можностите за чување-складирање одржување на печатени книги, особено „товарот“ на домашните библиотеки.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 14

Инаку, како творец поздравувам и почитувам сечие ново дело во печатен формат. Јас досега имам објавено 7 мои дела, што значи дека лично сум доживеал и надживеал такви радосни моменти.