Потребно време за читање: < 1 минута

11. Повторување

Повторувам знајно по којзнае кој пат:

Граѓани на општество, народ на држава.

А бре политиканти ниедни, толку ли не ја разбирате разликата? Или ви е тешко да ја научите?

Бидејќи мислам дека е и едното и другото, а и мене ми е многу лесно согледлив вашиот “марифет”, ве прашувам просто, школски:

Што е општество, а што држава?

Или:

Што е суштествено за државата, а што за општеството?

Или:

Вие се сметате себеси и за граѓани на општество(во) и за политиканти на власт на држава(ва)?

А да не се сметате себеси за “граѓански политиканти”?!