Потребно време за читање: 2 минути

Промените ја зголемуваат драмската тензија.
Толкувањето на кажувањето на Јасен Виорски и Марија Имотска
треба да предизвикува постојано нови доживувања.

Конечно стасавме! Само, во кое време?, ја праша со несигурност во гласот.

Пак промена на времето. Силен ветар го крева песокот високо. Им ги полни очите, им го заматува видот. Ги заслепува! Морето се бранува, а брановите им ги допираат, им ги покриваат и откриваат телата. Најнапред помислуваат дека се во пустина. Жолта и жешка, а песокот полека им ја натежнува опстојбата. Потоа стварноста ги враќа на брегот, крај Морето.

Минатото како сегашност со крај. Во непрекинато траење, незапрен континуитет!

Останува спокојна, но некаков немир во неа. Како да не ја забележува промената. Или можеби ѝ е премногу? Достасала повисок степен на концентрација од него!?

Конечно кругот! Тој е најважниот за нас. Секој живее во некакви кругови, но никако да ги надмине, да излезе од нив. Ние на крајот ќе мораме да излеземе од нашиот! Во него се случи тоа што требаше: нашиот крај точно замислен уште на почетокот, Марија Имотска.

Прочитај и за ... >>  МАРИЈА И ЈАСЕН, роман

Разбирам. Значи, повторно настојуваш да ми ги наметнеш Четирите квартети од Елиот. Нема потреба, Јасене Виорски. Те уверувам дека во ниеден момент не заборавив на нив.

Кругот се затвори. Неочекувано брзо! Самиот или, пак, ние го затворивме? Ние затворени во него!? Ако е така, сега веќе можеш да забораваш.

Дали можам?

Се разбира дека и за тоа е потребен голем напор. Но, ако тоа го прифатиш како крајна цел, веројатно ќе ти успее.

И што ќе се случи потоа?, го праша. Треба ли нешто да се случи?

Зошто да не?, ѝ одговори. Може да се случи само тоа што најмногу го очекуваш. Ќе замолчиш, Марија Имотска. Ќе те замолчи секојдневјето!

Тоа ти е потребно?

Мене не, туку на времето. На минатото заедно со сегашноста и иднината.

Промената продолжува. Силен ветар го крева песокот високо. Им ги полни очите, им го заматува видот, ги заслепува. Морето се бранува, а брановите им ги допираат, им ги покриваат и откриваат телата.

Прочитај и за ... >>  Споредбите се некогаш и добредојдени. Може да го забрзаат мисловниот процес.

Како предвиден знак!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here