Потребно време за читање: 5 минути

135. За сè и за сите сме виновни сите.

136. Творец пред празнотија:
Мојата нескротлива творечка енергија ми ги премалува и умот и снагата. Морам да подзапрам.

137. Во исчезнување:
-Ти ли си создал грандиозно мислечко и книжевно творештво?!
-Не разбирам за што зборуваш.

138. „Античка Грција“ е најголемата лага, измама и фалсификат на западната квазинаука.

139. Партија без строга идеологија е политикантска и мафијашка банда.

140. Некои од раѓање се такви какви што се знаат. Такви и ќе умрат без знаење.

141. На спокојните луѓе сè повеќе луѓе им завидуваат на спокојот.

142. Јас кога бев млад ги слушав старите. А сега мене, стар и немошен, младите немаат трпение ни да ме дослушаат. Не е важно зошто.

143. Ме убедува дека треба да имам сè што ми треба. Не оти сум во години, туку поради создаденото дело. Го молам да не се шегува.

144. Му помогнав да ја надмине слепотата при очи, а сега го дигнал носот до небо.

145. Единствена смисла на жи вотот:
Да живееш со вредности создавајќи вредности.

146. Човек на човек му е човек.

147. Довербата се враќа многу бавно, но со стамен чекор.

148. Политиканти и бизнисмени во сојузништво со мафијашки и платенички политичари се само за власт. Никако за во опозиција.

149. Им гори под нозете, па ја горат и пеплосуваат земјата што не била, не е, ниту може да биде нивна.

150. Внимателно следете ги во чекор. Поготово што се на раб на бездна и само што не почнале да паѓаат во неа.

151. Не барав кога ми требало, па да барам сега кога не ми треба? А и навикнав без.

152. Живеј си го животецот, љубов, и не ни помислувај на мене. Веќе докажа дека јас не сум за тебе.

153. Нечовек ми стори најголемо зло.

154. За никаде си штом не знаеш, а не сакаш да знаеш.

155. Смислено сценарио? Не! Бесмислено!

156. Испокрадоа милиони, ја уништија државата, а вие уште со нив и за нив. Идиоти!

157.-Добро си?
-Добро, недобро, тоа е. Годините си се години.

158. Заедничкиот успех е поголем или помал од индивидуалниот? Зависи од успехот.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК XXIII, 247-378

159. На пеколни горештини и мозокот зоврива. Оној што мисли.

160. Слуги за малку од големо на господари.

161. Носат искинато, распарано, зашиено и закрпено по последна мода! По најпоследна угул голи?!

162. Се преполлнија со пари, та не знаат што да прават со нив. И уште им е малку!

163. Како ми е мене, тебе да не ти е.

164. Животот го казни со години да не се помрдне од место, свет да не види.

165. Големото дело никогаш не е меѓу мали.

166. Партиски говеда впрегнати во јареми.

167. Зошто за мртвите сè најдобро?! Зошто не какви што биле живи, што сториле и што оставиле за паметење?

168. Ништо што е во врска со моето грандиозно мислечко и книжевно творештво не ме интересира. Баш ништо!

169. Различно во исто или наспоредно.

170. Може ли да се почне конечно?!

171. Жалам дека некогаш сме биле заедно како да не сме биле.

172. Затоа што има зошто нема, нема што треба да има.

173. Не кажуваш што мислиш, а бараш да ти го почитуваат мислењето!

174. Секогаш е помалку важно во што сме согласни, одошто во што не сме.

175. Ќе ме нема кога ќе ме нема, зашто не требало да ме има.

176. Може не длабокоумно, но никогаш плиткоумно.

177. Непоразен, а обессилен.

178. Не те заборавам и покрај сè. И покрај сè.

179. Празнотија и небиднина:
Грандиозно творештво што не значи ништо не треба ни да се спомнува.

180. Не ви е познато моето грандиозно мислечко и книжевно творештво?! Ништо не сте прочитале на Интернет?! Искрено ве жалам!

181. Моето дело единствено на светот? Да! Па што?!

182. Прашајте се пред да ме прашате.

183. Со доволност против консумеризмот.

184. Вредност се препознава со знаење и доживување.

185. Јадосан човек е сè повеќе сам со себе.

186. И убави и грди зборови, и лоши и добри, и зборови благи и лути, полни и празни, и зборови умни и безумни-никогаш сите од една уста.

187. Мислата му е остра како сабја и блескава како сончев зрак на нејзино сечиво.

188. Можам многу тамам на мои години.

189. Во старост најважни личното достоинство и постојаноста.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXIII, 1-134

190. Ние не зборуваме оти немаме за што.

191. Силата во мене ќе да е од Бога. Јас ја викам нескротлива творечка енергија.

192. Ем авторитетен ем влијателен, ем со големо дело ем длабоко почитуван. Е таков предводник.

193. Сега ништо не знам за тебе, љубов. Само те паметам.

194. Валкан образ на маскиран лик.

195. Докажан само на себеси се докажува.

196. Врвна поезија од гласови и звуци без зборови.

197. Не му е право оти има право.

198. Нездрав е, а од здрав е поздрав.

199. Личниот свет е најличен од сите што се меѓу стварен и заумен.

200. Јадосан, ама достоен до својот крај.

201. Заклучок на чесен:
Пред мене никој, зад мене никој, а со мене како мене колку се, токму се.

202. Ти посакувам секое добро против зло.

203. Не ме паметат каков што сум оние што не биле со мене додека биле.

204. Во еден сон јас и ти заедно.

205. Необична, таинствена, загадочна, единствена-творечка личност.

206. Не разбирам зошто некој штом се добере до висока функција има потреба од перчење.Како никој ништо да не му може.

207. Сè почесто сонувам како чекорам по неизодена врвица. Кон недоглед.

208. Сè потрагикомично партиско самоуништување.

209. Да, мора сè од почеток. Почнувајќи со донесување нов закон за политички партии. Постојниот нема врска со политички плурализам.

210. Не бев со оние, не сум со овие, не сум со никој. Сум бил, сум и ќе бидам со себеси.

211. Отсекогаш:
Умноста на прво место. Дури пред знаењето и опитноста.

212. Животна борба против незнаењето, приученоста, неукоста, тапоглавоста и политикантството.

213. Порака до власта:
Прво главите на главешините, па потоа на нивните слуги и послушници.

214. Ако е проблемот твој, не дозволувај тој тебе да те направи проблем.

215. Одамна не се знае дали сум уште жив?! А зошто да се знае?

216. Непризнаеноста на голем човек секогаш иде од признаени безначајни и минливи човечиња.

217. Што имам јас од тоа што не можеш да ме заборавиш?

218. Од мене нема, ниту ќе има „Дотука било“. До пред самоти смрт.

219. Има грешки што се непоправливи и непростливи. Особено сторени на големи луѓе.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXIII, 1-134

220. Често го истакнувам делото на творечката личност? Се разбира, зашто тешко нам без него.

221. Кога ќе се соочиш со неизбежно, разбираш колку си немоќен.

222. Откриваме предоцна зашто не сме знаеле совреме.

223. Се знае мојот став за Струшките вечери на поезијата:
Тие за мене не постојат зашто јас како поет не постојам за нив.

224. Сè наредено според потребите и можностите-значи, сè обично и нормално.

225. Прав живот:
Во целосна хармонија внатрешното и надворешното Јас со природата, опкружувањето и сожителите.

226. Жив:
Јас сум мртов за вас додека сте живи.

227. Тој што те има се лаже себеси дека си само негова.

228. Што и колку создадов како новинар, мислител и книжевен творец-е и немерливо и неспоредливо. За оној што сведочи, памети и знае.

229. Најважно за времето на крајот:
Стареењето и здравјето да се држат под конрола. До последен издив.

230. Со жалење констатирам дека се за жалење што лицата си ги кријат зад лажни маски.

231. Срцето ми знае да почне по свое, но засега успевам некако да го смирам и да продолжиме заедно.

232. Не ги играм твоите игри со мене.

233. Немолј со добро против зло. Залудно е.

234. Не можете да бидете искрени спрема други, ако не сте искрени спрема себеси.

235. Големо дело за ништожни луѓе:
Постоело и постои исто како да не постои.

236. Што боли најмногу? Поразена љубов.

237. Оригиналните творечки вредности не се натпреваруваат меѓусебно. Затоа што се неспоредливи.

238. Најдобра поезија? Најдобра проза? Тешка будалаштина!

239. Единствено признание: од времето и животот.

240. Власта треба да биде прва во славењето и почитувањето на мислечките и творечките личности.

241. Две нешта не се за пари и не зависат од пари: непорочната љубов и личниот спокој.

242. Ако не можеме во сè заедно, барем да бидеме во едно-најважното или од најважните.

243. Нема ред зашто не треба да биде во ред.

244. Големците се плашат и од сенките на големите луѓе.

245. Треба и да можеш и да знаеш да бидеш сам.

246. Прва и последна цел на творецот: да создаде живо дело.