За пергаментот

0
23
Scroll Font Old Antique Parchment Paper Leave

Пергаментот (латински pergamena, од pergamenus: пергамски) е пишувачки материјал кој се прави од неправени, исчистени и во вар потопени животински кожи (од овца, коза, теле).

Употребата на пергаментот за пишување е позната на Исток (Египет, Асирија) од вториот век пр.н.е.

Најголем број на пергаменти, направени од овча, јагнешка, магарешка и кожа од други животни се чуваат во Александриската библиотека.

Самиот назив пергамент  упатува на античкиот град Пергам (Мала Азија), каде што почнал повеќе да се произведува. Служел сѐ до доцниот  среден век, кога го заменил хартијата.

Во 4. и 5. век во Цариград и Рим имале обичај пергаментот за повредните ракописни дела да се обојува со огнена црвена боја. Од 7. век на него најмногу се пишувале повелби и исправи. По изумувањето на печатењето, поради својата трајност пергаментот се употребувал за прирачни изданија (црковни и школски книги).

Пергаментот од дамнина служел и за повез на книги. Употребата на отфрлените листови за таа цел сочувала многу драгоцени стари фрагменти и палимпсести.

Тој исто така се распнувал на тапани, тамбури, тимбали и слични инструменти.

Пергаментната хартија е густа, цврста, полупроѕирна, слична на пергаментот. Се добива со дејствување на сулфатна киселина врз хартија направена од памучни крпи или линтерс без лепило и полнило. При дејствувањето на сулфатната киселина, еден дел од целулозата преоѓа во амилоид, материја слична на желатин. Кога киселината ќе се испере, амилоидот затврднува, ја прекрива површината  со влакненца и ги исполнува порите на хартијата. Таа станува цврста, нечувствителна на вода и непролустлива за масти. Се употребува за затворање на тегли со конзервирана храна, за замотување на прехранбени  намирници, за повез на книги и друго.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion