Home УМЕТНОСТ И ЖИВОТ Најголем медиумски музеј на светот

Најголем медиумски музеј на светот

Newseum
Потребно време за читање: 2 минути

Американската престолнина Вашингтон во април 2008-та доби своевидна катедрала посветена на печатот и новинарството, во која е претставена историјата на тој медиум- од пронаоѓањето на печатарската машина до дигиталното доба.

Музејот „Newseum“, сместен помеѓу зданијата на Конгресот и Белата куќа, се градеше 10 години и во него беа инвестирани 450 милиони долари. Изложени се илјадници „историски“ насловни страници и славни фотографии, разни филмови, интерактивни игри на кои им се посветени дури 14 галерии, а има и две телевизиски студија и 15-тина амфитеатри.

Во музејот се изложени и стотици сувенири, меѓу кои и новинарската легитимација на Ернест Хемингвеј додека бил воен известувач во Европа во 1944-та година, потоа едно возило изрешетано од куршуми кое „Тајм магазин“ го користел во Сараево, како и прочуениот црвен џемпер кој Хелен Томас, доајенка на новинарите акредитирани во Белата куќа, секогаш го носела на конференциите за печатот за подобро да му го привлече вниманието на претседателот.

Прочитај и за ... >>  Кинокултурата во Македонија и светот

Дел од просторот е посветен на терористичките напади од 11-ти септември 2001-ва, во кој се изложени остатоци од сателитската антена што се наоѓаше на врвот на Светскиот трговски центар и во кој се прикажува филм за трагичниолт настан што се случи на тој ден.

Заводот „Форум за слобода“ (“Freedom Forum”) и низа угледни спонзори донираа околу 290 милиони евра за медиумскиот свет да биде примерено претставен во амбициозно проектираната стаклена палата.

„Наша задача е да и се појасни на јавноста колку за функционирањето на демократијата е важна слободата на печатот“, ја опиша потпретседателот на „Newseum“, Paul Sparrow, концепцијата на медиумскиот музеј.

Желбата на спонзорите била транспарентно да се прикаже светот на модерните медиуми: бројните примери за сјајот и бедата на новинарството би требало наедно и поучно да дејствуваат врз посетителите за тие „да можат да распознаат каков неверојатен смет некои медиуми продаваат“, нагласува Al Neuharth (83), познат американски публицист, основач на најтиражниот американски весник „USA Today“ и главен покренувач на заводот „Freedom Forum“.

Прочитај и за ... >>  Новиот „интерен човек“ и нормите на животот

Влезницата изнесува дури 20 долари, но управата на Newseum верува дека, покрај релативно високата цена, набрзо ќе стане вистински магнет за привлекување на посетители, и тоа во Вашингтон кој е преполн со првокласни и единствени музеи, како Музејот на вселенското истражување, Националната уметничка галерија или Муезјот на шпионажата.

„Newseum“ на 7 ката со софистицирана техника ја прикажува историјата на информирањето. Историските настани, како атентатот на John F. Kennedy или избивањето на ирачката војна, на гледачите буквално, низ медиумско известување, уште еднаш им ги доведува пред очи. „Newseum“ нуди околу 100 постојани видео презентации и повеќе од 130 интерактивни постојки.

Во едно од предворјата на гледачите повеќедимензионално се симулираат понекогаш речиси неподносливо тешки услови на известување: вештачки бури, потреси или воени пукотници вознемирувачко верно можат да се доживеат. Посетителите во телевизиските студија можат да се испробаат како сниматели со камера или известители пред камера. Кој сака, може да скокне во деск на голем весник, да се испроба како фоторепортер или радиски водител.

Прочитај и за ... >>  Јапонска книжевност

Во играта организирана за посетители под наслов „Етичка маса“ се одговара на чувствителни прашања за новинарската етика. Дали е се уште новинарство кога репортери трчаат по скандалозни вести за Britney Spears? Или дали смеат весниците да користат доверливи владини документи, ако се украдени?

Музејот претставува и места на настани кои оставиле неизбришлива глобална трага. Освен 11-ти септемвери 2001-та, на пример падот на Берлинскиот ѕид е „илустриран“ со најголемото парче на тој урнат ѕид кој постои надвор од Германија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here