detence детенце
Потребно време за читање: 2 минути

Многумина родители ќе се изненадат од констатацијата во насловот на прилогов, но станува збор за резултат од научно истражување. Спроведено е на универзитетот New Hampshire, на тема малтретирање во семејството.

Се покажало дека удирањето на детето по газето влијае врз неговиот сексуален живот подоцна.

Професорот Murray Straus заклучил дека е поголема веројатноста луѓето, кои како деца се казнувани на тој начин, принудуваат на сексуални односи, покажуваат наклонетост спрема мазохистички секс и често неодговорно се однесуваат кога е во прашање заштитата од несакана бременост или од полови болести.

Други студии исто така покажале врска помеѓу удирањето и психичкото насилство, но Straus нагласува дека неговото истражување е прво кое покажало поврзаност помеѓу физичкото казнување и сексуалното однесување.

„Мојот темелен мотив беше да го привлечам вниманието на луѓето, најмногу на родителите. Се надевам дека студијата ќе помогне во намалувањето на користењето на физичка казна“, објаснува тој.

Straus ја завршил шрвата студија во средината на 90-тите години од минатиот век, а опфатила 207-мина студенти на кои им е поставено прашањето дали кога било ги возбудувал мазохистичкиот секс и дали како деца биле казнувани со удари по задницата. Открил дека студентите кои се удирани биле два пати повеќе заинтересирани за мазохистички секс.

Прочитај и за ... >>  8 водечки стратегии за новите родители на близнаци

По таа студија спровел уште 3 слични, а последната го покажала истото. Прашал 14.000 студенти во 32 различни земји дали се согласуваат или никако не, или само делумно со тврдењето „бев удиран пред 12-тата година“. Исто така, ги прашал дали кога било вербално или физички принудувале незаинтересиран партнер на сексуален однос.

Открил голема разлика помеѓу студентите кои изјавиле дека биле физички казнувани и оние кои не биле. Мажите имале 10% поголема веројатност за вербално принудување на секс или наклонетост кон закани дека ќе ја прекинат врската ако партнерот одбие секс. Жените имале 12% помали шанси за такво однесување.

Студиите за семејното насилство покажале дека 90% од родителите ги удираат своите деца. Сепак, покрај предупредувањата, користењето на таа воспитна мерка многу се зголемило.

„Најдобро чуваната тајна на детската психологија е дека децата кои никогаш не се удирани се помеѓу оние со најпримерно однесување“, заклучува Straus.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here