Што се презема во случај на срцев напад при патување со авион?

0
21
авионски лет avionski let

Иако случаите на срцев напад и други акутни заболувања во текот на летот со авион се релативно ретки, тие се сепак мошне сериозни и поради тоа воздухопловните компании морале и со ова да се позанимаваат, оти превезуваат милиони патници секоја година.

Една студија, спроведена во Сиетл-САД, покажала дека во текот на годината имале околу 20.000 такви случаи. Од нив во околу 10.000 состојбата на болниот била мошне сериозна, така што авионот морал да се спушта на најблискиот аеродром за заболениот што е можно побрзо да се смести во најблиската болница.

Воздухопловните компании во Франција располагаат со комплети лекови и материјали за помош во самиот авион, а кај контролата на летот се наоѓа и екипа на специјалисти. Домаќинките на авионите се обучени да извршат кардиопулмонална реанимација и масажа на срце, односно да укажат прва помош.