Музите

0
52

Тоа се митолошки суштества-грчи божици, 9 на број: Полихимнија, Клио, Мелпомена, Талија, Уранија, Ерато, Терпсихора, Еутерпа и Калиопа.

Музите се ќерки на Зевс и Мнемосина, божицата на паметењето, или на Уран и Геја. Исто така, постои и варијанта дека има две генерации Музи- првите се Музи ќерки на Уран и Геја, а вторите на Зевс и Мнемосина.

Тие се водени нимфи, за нив се важни изворите. Водич им е Аполон, а со него престојуваат покрај изворите на на планината Парнас. Затоа Парнас е „планина на Музите“.

Паузаниј тврди дека први три Музи („постари Музи“) се: Аоида („глас“), Мелета („вежба“; „прилика“) и Мнема („сеќавање“). После е придодадена уште и Арха. Во Делфи се почитувани како Нета, Меси и Хипата, што се наедно и имиња на трите жици на лирата.

„Помладите Музи“ се заштитнички на науката и уметноста:

Еутерпа („развеселување“)-заштитничка на музиката, лириката. Атрибут и е фрула двоеница или флаута. Нејзе некои ѝ го припишуваат изумот  аулос (фрула), икако повеќето митографи велат дека аулосот е дело на Марсиј. Реката Стримон ја оплодила и го родила синот Рез (Rhesus) кого подоцна, според Хомеровата „Илијада“, го убил Диомед во Тројанската војна;

Калиопа („со убав глас“)- заштитничка на епската поезија и говорништвото. Атрибути ѝ се восочна плочка и молив или свиток хартија. Имала два сина- Орфеј и Линус со Аполон или со кралот на Тракија Аеагро. Била најстара и најмудра од Музите. Била судија во расправата помеѓу Адонис и Афродита и Персефона, давајќи ѝ на секоја да помине еднакво време со него. Го научила Ахилеј пеејќи да ги развеселува своите пријатели;

Клио („слава“)-заштитничка на историјата и јуначката поезија. Атрибути ѝ се свиток на папирус и ловоров венец. Клио го имала синот Хијацинт со Пир, кралот на Македонија. Според некои извори, била и мајка на Химен;

Ерато („милна“)-заштитничка на љубовната и химничната поезија. Атрибут ѝ е лирата или китарата. На главата често имала венец од рози. Ја прикажувале и две гулабици кои јаделе семенки на земја. Често е прикажувана и како држи златна стрела за да потсети на ерос, чувството кое сите ги инспирира и љубовта која штити. Поради тоа често ја придружувал Ерос. Ерато имала еден син, Азан, чиј татко бил Аркад, син на Калиста. Легендата раскажува дека им ги изумила лирските песни-химните-на боговите, поради што станала заштитничка на таквата лирика. На оние што ја следеле им подарувала љубов, а посебно им била наклонета на љубовните поети;

Мелпомена („пејачка“)- заштитничка на трагедијата. Атрибути ѝ се трагична маска и тркалест бршленов венец. Била прикажувана и со нож (често крвав) или палица или жезло во едната рака, а со маска во другата (или, пак, со трагична маска на лицето). На главата носи чемпресова круна или бршленов венец;

Полихимнија („богата со химни“- заштитничка на светата песна и химните, како и на реториката, а исто така и на агрикултурата и пантомимата. Атрибути ѝ се велот (превезот) и плаштот. Прикажувана е како сериозна и замислена жена која го држи прстот покрај устата, облечена во долг плашт и вел, а лакотот и почива на столб. Им донесувала слава на писателите на добри дела;

Терпсихора („уживањето на танцот“)-заштитничка на танцот и музиката, како и на хорската лирика. Атрибути ѝ се лира, цимбал, ловоров венец. Ќерка на Зевс и Мнемосина. Некогаш се смета со речниот бог Ахелој мајка на Сирените или Линусова мајка, заедно со Аполон;

Талија („цветна“)- ќерка на Зевс и Мнемосина, заштитничка на комедијата и буколиката (пастирска песна). Била сметана за божица на музиката, танцот и песната. Атрибути ѝ се комична маска, пастирски стап, бршленов венец;

Уранија („небеска“)- ќерка на Зевс и Мнемосина, заштитничка на астрономијата и астрологијата. Атрибут ѝ е глобусот. Прикажувана е како го држи во едната рака, а во другата има стап. Можела да ја пророкува иднината според разместеноста на ѕвездите. Облечена е во плашт проткаен со ѕвезди, а своите очи и вниманието ги насочува кон небесата. Заштитничка е на филозофите и на оние што се грижат за Рајот.

Уранија е и божица на небото, чие име се поврзува со богот на небото Уран.

Платон класичната поетеса Сафо од островот Лезбос ја нарекол „Десетта Муза“, поради својата слава и дарба.

Музите го следат Аполон и пеат со него. Суделе на натпреварот помеѓу Аполон и Марсиј, танцувале на венчавката на Пелеј со Тетида. Го погребале Орфеевото тело, синот на Калиопи и внук на останатите осум Музи. Го ослепиле Тамирис поради дрскоста дека ги предизвикал на натпреварување. Седат близу до тронот на Зевс на Олимп и пеат за неговата моќ, за историјата на светот и хероите.

Музите понекогаш се нарекувале Аганипиди зашто се врзувале со изворот Аганипе. За нив биле важни уште два извора-Хипокрен и Пирен. Втор назив за нив е Корикиди или корикијски музи, според Корикијската пештера на Парнас.

Тие им приоѓаат на луѓето да им ги објават правите вистини, но и многу лаги слични на вистината.

На поетите музите им влеваат божествена песна за да ги слават иднината и минатото. Среќен е секој оној кого музите ќе го засакаат, зашто тогаш изговорува најубави беседи и е способен да пее за славата на древните јунаци и пламените богови. Поетот им се обраќа на музите да му дадат инспирација и бесмртност, а филозофите ги молат за добри идеи.

Познатиот мнемотехнички метод за паметење на имињата на музите се нарекува „Tum peccet“. (лат. „нека не греши“).

Во ликовната уметност музите се претставени на вазните во црно и црвенофигурален стил, а дури во елинистичката епоха се прикажуваат  и во монументалната уметност.  Познат е релјефот од Матинеја, а се познати и поголем број римски саркофази со нивни претстави.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion