Дома УМЕТНОСТ И ЖИВОТ Forever Ним (во Provence) – француски град со крокодил на грбот

Ним (во Provence) – француски град со крокодил на грбот

32
provence france провенс франција
Потребно време за читање: 3 минути

Градот во Прованса (Provence) – Ним има на својот грб цртеж на крокодил врзан со синџир. Од каде и зошто?

За Прованса (Provence)

Непрегледни полиња на лаванда, плодни лозја и маслиници, опоен мирис на зачински и лековити растенија и рустични камени куќи. Пејзажите на оваа покраина, сместена на југоисток на Франција, помеѓу устијата на Рона, јужните падини на Алпите и Средоземното море, се овековечени во делата на Сезан, Ван Гог и Матис.

Прованса ја нарекуваат и „држава на сонцето“, а во неа се прекрасните градови познати ширум светот- Арл, Авињон, Екс ан Прованс и Ним.

Заштитен знак на Прованса е лавандата од која се прават букети, а кои, пак, со масло од лаванда и мед донесуваат среќа, мир и благосостојба во домовите на штотуку венчаните. Како сувенир се препорачува едно мало лонче со солено зачинско растение, маслото „Val de bo“ или шише вино од прочуените лозја на Прованса.

provence france polinja so lavandi полиња со лаванди

Грбот на НимГрбот на НимНим (Nimes) се наоѓа во регионот Лангдок- Русион и департманот Гар. Има околу 150.000 жители, мошне богата историја , уште од времето на Римјаните. Во римското доба се нарекувал Немаусус (лат. Nemausus), што значи „од изворот“. Археолозите нашле присуство на луѓе 4.000 г.пр.н.е.- 3.500 г.пр.н.е., а наоѓалиштето му припаѓа на неолитот.

Прочитај и за ... >>  Mорал

Плодната околина, благата клима, блискоста на Средоземното море и важните патишта кои минувале низ него, направиле од Ним богата населба уште во времето на Галите. Воинот Грезан се смета за најстара скулптура во јужна Галија.

Во 50. г.пр.н.е. Ним станал римска колонија и тука се наоѓаат ковани пари со натпис NEM.COL, што значи Колонија од Немеус. Под римска власт паднал во I в. пр.н.е.

Полиња со лаванда во Provence - Франција polinja so lavanda

За историјата на овој град детално пишува во „Википедија“:
Октавијан Август Нил го прогласил за главен град на Нарбонска Галија. Изградил 6 километри долга тврдина со 14 кули и врати, од кои до денес останале цели само две. Тогаш градот имал 60.000 жители. Имал изграден Форум и аквадукт. Од одделни споменици не останало ништо, освен натписи дека постоеле. Амфитеатарот е изграден во 2. век.

Градот напредувал до 3.век, а уште тогаш се појавил ризикот од инвазии. Започнала кризата на третиот век. Визиготите, Бургундите и Остроготите доаѓале и го пљачкосувале богатството на Римското царство. По варварските инвазии во 710. г. уследила инвазија на Маврите од Шпанија. Градот Ним во 754. г., кога го освоил Пипин Малиот, бил само сенка од некогаш просперитетниот галско- романски град. Каролинзите донеле релативен мир, но повторно почнале локални неволји во феудалните времиња на 12. век.

Прочитај и за ... >>  Помеѓу етиката и политиката

Тоа траело до времето на Луј Светиот. Тогаш со градот заеднички управувале бискуп и витези. Кога Луј Светиот со помош на Рејмон VII од Тулуз воспоставил кралска власт во Лангедок, Ним станал сопствеништво на француските кралеви.

За време на 14. и 15. век во долината на Рона дошло до низа инвазии кои ја упропастиле економијата и донеле глад. Неволјите се зголемиле со религиозната поделба. Ним бил протестантско упориште, па ја почувствувал големата сила на репресијата и братоубиствената борба, кои продолжиле до средината на 17. век. Во средината на овој започнува период на просперитет, кога се реконструирани многу градби, а населението пораснало од 12.000 на 50.000.

По европската економска криза уследила Француската буржоаска револуција, со период на политички и религиозни судири, бел терор, економско назадување, убиства, грабежи и палежи. Редот е делумно воспоставен во 1815.г., па Ним повторно бил просперитетен град.

Симболот и штитот на градот Ним е крокодил врзан за палма со натпис COLNEM- кратенка за Колонија Немаусус (лат. Colonia Nemausus), при што се мислело на колонија на римски ветерани од Нилската кампања.

Прочитај и за ... >>  Книжевен речник: историја, теорија, критика

По 15 години војување легионерите добивале земја во рамнината на Ним, кој се наоѓал на римскиот пат Via Domitia, изграден во 118. г.пр.н.е., а ја поврзувал Италија со Шпанија.

Крокодили во Прованса не постојат, но во минатото извесно време ги имало. Имено, Октавијан (63.г.пр.н.е.-14.г.од н.е.) по победата во поморската битка кај Акциум (близу до Крф), во 31.г.пр.н.е. ги совладал флотите на Атнониј и Клеопатра, а завршните борби се одиграле на египетско тло. Откавијан триумфирал и се прогласил, под името Август, за римски император, прв во историјата на оваа голема античка држава.

Заминувајќи од Египет, некои легионери со себе понеле и мали нилски крокодили и со нив стасале во Ним. Се обиделе да ги одгледаат, но не успеале. Сепак, споменот за тие огромни крволочни гуштери останал. Кога во раниот среден век градовите почнале да создаваат свои грбови, жителите на Ним на своето градско обележје го ставиле крокодилот.