Hammarby Sjöstad, јужно предградие на шведскиот главен град Стокхолм, сместено покрај езерото Hammarby Sjö, некогаш било рурално подрачје, сосема запуштено, на кое се фрлал отпад, дури и оној најопасниот. Денес Hammarby Sjöstad е најголемо градилиште во Шведска: никна град од 22.000 жители-со 2.500 станови- од темел изграден врз начелото на одржливост и екоопкружување. Барањата за заштита на околината се применети на градбите, техничките состави во нив, но и на сообраќајните решенија.

Моделот на градот заеднички го развиле стокхолмски комунални компании. Според една од ставките на договорот потпишан со градските власти, Hammarby Sjöstad е граден исклучиво од материјали нештетни за природата и човекот-дрво, стакло, челик.

Со истиот тој договор пластиката е исклучена, особено кога се во прашање водоводните цевки.

Зградите не се големи, со многу стаклени површини (поради примање на поголеми количества на светлина), доволно оддалечени една од друга за да не се “туркаат”.

Инсталирани се подземни цевки за вакуумско собирање на комунален отпад.

Електричната енергија, како и енергијата за греење и ладење, се добиваат со преработка на отпадните води и горење на отпадот, а дел и од сончевата енергија.

Во домаќинствата се инсталирани електрични уреди само од А-класа, значи оние кои максимално штедат вода и енергија.

Квартот е изграден така што само главните улици се авто-сообраќајници, сите останати се наменети за пешаци. Просекот од 3 автомобили по стан во Стокхолм, во Hammarby Sjöstad е намален на 0,7 автомобили, а се развива концептот на делење на еден автомобил, што сега го користат десетина насто од жителите на овој дел од градот. 72% користат јавен превоз, а останатите имаат сопствени автомобили.

Стан во Hammarby Sjöstad никако не е евтин-цените се движат од 3.000 до 4.500 евра по квадратен метар, но неговите жители велат дека повеќекратно се исплати!

 

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion