рог rog
Потребно време за читање: 2 минути

Рогот е природно оружје на многу животни. Тој станал, особено според тотемизмот, симбол на сила и изобилство, па се наоѓа на ликовни прикази на митолошки суштества и божества на Ориентот (Амон во Египет) и Грција (Ахелој), но и како инсигнии на кралеви и војсководци (инсигнии-знаци, знаменија, посебни знаци на некое звање или достоинство, почесни знаци, одликувања).

Од другите мотиви (како ознака на животинска наклонетост), роговите се среќаваат на слики и скулптури на ѓаволи.

Роговиоте се израстоци во различен облик, кои се наоѓаат на предната страна на главата на некои цицачи копитари. Најчесто служат за одбрана. Тие се развиваат од кожата, од кожата и коскената основа или, пак, од самата коскена основа. Од кожата се развиваат, на пример, роговите (еден или два) израснати на носните коски на носорозите (Rhinocerotidae). Кај елените (Cervidae) на челните коски на черепот израснуваат разгранети коскени рогови (ги имаат само мажјаците, женките единствено кај собот), кои периодично отпаѓаат. За време на развојот се покриени со влакнеста кожа, меки се, полни со крвни жили и чувствителни. Возрасен елен (8-12 години) има обично на обата рога 10-12 пара мали рогови. Кај антилопите, дивокозите, козите, овците и говедата (Bovidae, Cavicornia)- двата пола имаат рогови во форма на шупливи рожени текови кои се натакнати на израстоци на челните коски. Тие рогови се трајни и не се менуваат, освен кај американската антилопа (Antilocapra).

Прочитај и за ... >>  Семејството Штраус

Рог е и лимен музички дувачки инструмент со тесна, конично брусена, кружно свиткана цевка, која при долниот крај се проширува во левкаста звучница. Воздушната струја која свирачот ја дува во цевката се прекинува со треперење на неговите усни притиснати на левкастиот усник. На едноставниот, тн. природен рог, кој нема уреди за скратување или продолжување на цевката, се изводливи, освен основниот тон, со предувување само тонови од парцијална низа. Меѓутоа, на вентилниот рог посебен механизам со три вентили овозможува изведба на сите хроматски тонови во рамките на распонот на инструментот.

Предвесници на рогот се едноставните дувачки инструменти направени од животински рог или заб (слонова коска), од школка, куќичка на полжав, дрвена цевка, глина и сл., кои се јавуваат од предисториското доба на сите континенти. Такви примитивно градени рогови се наоѓаат и денес во фолклорниот инструментариум на многу воневропски народи. Конечно е усовршен со пронаоѓањето на механиката со вентили (1815-20), со што стана инструмент за изведба на дијатонски и хроматски скали, пасажи, глисанди, трилери итн. Додека природниот рог се правел во различни големини , денес во оркестарот обично се употребува вентилски рог во F, кој има реален опфат од 1Н до f2.

Прочитај и за ... >>  Рабуши и мери

Звукот на рогот е полн, мек, сонорен и има голем распон на нијанси, од сосема нежно пијано до продорно форте. Се употребува како инструмент на оркестарски (обично група од 4 рога) и камерни состави, како и за солистичо музицирање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here