Летување на „благопријатниот” Арктик!

0
19

Ескимите уживаат на сонце, на 30-тина степени Целзиусови! Во ескимското село Туктојактука, на север на Канада, температурите во август ги достигнуваат токму тие вредности.

Сведоштво на претприемачот Еди Грубен, кој веќе 40-тина години ги следи случувањата на тоа подрачје, топењето на мразот, загревањето итн:

„Децата се капат. Пред 40-тина години ледениот покривач беше оддалечен 64 километри од брегот, а денес дури 128 километри”.

Реално предвидување: во блиска иднина туристите ќе бегаат од вжештените делови на Флорида или Шпанија на мирниот Арктик, без метеж, на пријатни 30-тина степени Целзиусови и со чиста, постудена вода во која ќе можат да уживаат на плажите. Тоа го потврдуваат и истражувањата на стручњаците и снимките на Icesat, кој го мери топењето на ледот на Арктикот од вселената и покажува дека од 2004. до 2008. година ледениот покривач се намалил за повеќе од 60 сантиметри. На секои три дена под вода исчезнува една „Германија под лед”.

Анализите на стручњаците покажуваат дека Арктикот наместо до крајот на овој век веќе по 30-тина години ќе остане без лед! Што ќе се случи со растителниот и животинскиот свет, сѐ уште не знаат. Промената нема да биде само тука, туку и во струењето на морето и слатката вода. Во Северното ледено море ќе дојдат некои нови видови, додека други ќе исчезнат.

Ледот се топи сѐ побрзо. Во изминатите 10-тина години температурата на морето пораснала за 0,6 степени, а загревањето на Арктикот било најмалку двојно поголемо.

Меѓутоа, промените се случуваат насекаде. Според проценките на стручњаците, се засилува сушата во Африка, Индија и Австралија, во јужна Африка паѓаат изобилни дождови, додека температурата во Велика Британија ќе осцилира од многу висока до исклучително ниска.

Истовремено, најголемиот ледник на Антарктикот, Пан Исланд, исчезнува со вселенска брзина.

А поради топењето на алпските глечери, Швајцарија ја помести својата граница спрема Италија за 150 метри. Швајцарската влада го одобри поместувањето на граничната линија откако Федералниот одбор за топографија предупреди дека речниот слив, по кој е исцртана границата во 1942- ра година, се променил поради топењето. Топографот Даниел Гуткнехт изјави дека поради тоа што Швајцарија стана „само малку“ поголема нема да се менуваат атласите.

Корекцијата ја одобри и официјален Рим.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion