Лековитото дејство на пиперката и доматот

0
41
Hot Vegetables Red Fresh Sweet Pepper Tomato

ПатлиџанПиперката (Capiscum annum L.) е по потекло од Јужна Америка, од каде што е пренесена во Европа, Азија и Африка. Во светот се одгледуваат 50-тина различни сорти на пиперки кои меѓусебно се разликуваат најмногу според присуството на витаминот Ц.

Свежите плодови на пиперката содржат: вода околу 85%, белковини околу 1,5%, масти околу 1%, јаглени хидрати околу 5%. Во семенките се наоѓаат до 28% масти. Витамин Ц има од 5 до 35 милиграми на 100, повеќе отколку во другиот зеленчук, лимонот и портокалот. Има и витамин Б1 , Б2, каротин, провитамин А и др. Од минералите најмногу има калциум, флуор, железо, калиум и др.

Пиперката може да се користи за лечење на артериосклероза, реума, за подобра циркулација на крвта, за јакнење на апетитот, за подобро варење, против пијанство, крвавење, за подобрување на видот, спречување на настинка и парадентоза.

Во терапијата се користат само плодовите од пиперката (месестиот дел).

Рецепти:

1) Лековита салата од пиперки:

Пиперката треба што повеќе да се јаде поради богатството со витамин Ц, витамин Б и каротин. Затоа треба едноставно да се исечка на кругови и да се зачини со морска сол, маслиново масло и јаболков оцет.  Спречува парадентоза, настинка, го подобрува видот;

2) Против реума-ревматични болки:

Неколку ноќи едно по друго местото да се обложува со специјално подготвено тесто што се посипува со иситнета пиперка и се прелева со маслиново масло. Постапката е следна: се разронува малку пивски квасец, се додава малку засладено млеко и брашно, колку да се направи меко тесто. Така подготвеното тесто се става на раширена крпа-платно, се посипува со лута иситнета пиперка и се прелева со маслиново масло, па се става на заболеното место и се држи околу 10 до 12 часа;

3) За јакнење на апетитот, подобро варење и против пијанство и крвавење:

Се подготвува препарат со мешање на 1 лажица ситна лута пиперка и 10 лажици вински оцет. Оваа смеса треба да отстои 3-4 дена, па потоа да се користи: за подобра циркулација на крвта- за масирање. За јакнење на апетитот, подобро варење и против пијанство и крвавење се земаат секое утро на гладно срце 3 до 4 капки во малку вода.

4) Против опаѓање на косата:

Се земаат 5 лажици ситно исечкана пиперка и шишарки од хмељ, па се прелеваат со 1 литар зовриена вода. Се остава поклопено 2 часа, се процедува, а потоа со оваа течност се масира кожата на главата 1/2 час секоја втора вечер. Пред масирањето косата треба да се измие со благ детски сапун. Масирањето се врши најмалку 10 пати, односно терапијата мора да трае 20 дена.

И доматот (Solanum lycoperiscum L.) е по потекло од Јужна Америка, од каде што е пренесен во останатите делови на светот, и тоа пред пченката, пиперката и тутунот.

Познати се над 100 начини на кулинарска подготовка на доматот.

Неговиот плод содржи: вода 83,5%-92,3%, јаглени хидрати 1,69%-4%, белковини околу 1%, масни материи до 0,33% и минерални соли околу 0,8%. Витамин А содржи до 1,6 милиграми на 100, Ц 16-40 мг, а содржи и витамини Б1, Б2, Б6, Е, К, и ПП. Во доматот нема оксална киселина, па може да им се дава на ревматичари.

Енергетската вредност не му е голема (околу 100 џули), но има голема биолошка вредност поради значителното присуство на калиум (околу 250 мг), натриум, манган, калциум, железо и други елементи, што придонесуваат за неговото лековито дејство.

Доматот се користи за јакнење на одбранбениот систем на организмот, против катар на цревата и желудникот, кашлица, болести на белите дробови, болести на мочните органи, висок крвен притисок, за регулирање на варењето, за исфрлање на вода од организмот и исфрлање на урина, за лечење на дијабетес, болести на црниот дроб, реума, гихт (болка во коските), полесни воспаленија на кожата и подноктицата, за почист тен на кожата.

Во терапијата се користат плодовите, сок од домати и специјално подготвена супа.

Народна изрека: „Ако сакаш да избркаш комарци, на терасата одгледувај домати“.

Рецепти:

1) Со домат до чист тен:

Свежиот домат е одлично средство за нега на кожата на лицето. Пред спиење лицето треба да се измие со млак чај од камилица, нане или липа, а потоа да се истрие со сок од свеж домат. Да се остави лицето само да се исуши и да се измие дури утредента наутро со млака вода. Тенот многу брзо ќе стане побел, почист и помек;

2) Лековита сурова супа од домат:

Килограм зрел домат да се попари со зовриена вода и да се излупи. Со пасирка или миксер да се направи каша од него и да се додаде уште ситна исечкана или изрендана главица на кромид, малку рузмарин, мајчина душица. Да се додаде вода колку што треба и 2-3 лажици домашно црно вино. Супата да се загрее до вриење, но да се избегне готвење. Кога ќе се тргне од огнот да се додаде уште сок од свежо изцедени чешниња лук (5-6 чешниња), 1 лажица сечкано лисје од магдонос, 1 лажица лисје од целер, како и најситно можно изрендан морков и корен од магдонос и целер. Да се промеша и да се остави да отстои малку поклопено. Во супата уште да се стави ориз или зобени пувки. Вака подготвената супа има многу лековити својства. Ја поттикнува работата на органите за варење, ја чисти и јакне крвта, го снижува крвниот притисок, чисти песок и камен во бубрезите, и помага на функцијата на жолчката и црниот дроб, а во топлите денови ја ублажува жедта;

3) За зголемување на крвниот притисок:

Секој трет ден, со редовните оброци, да се изедат и по 300 грама домати, зачинети со една лиажица плод од морач, една рака иситнет лист од магдонос и зејтин;

4) Против кожни воспаленија:

За разни кожни воспаленија од полесна природа, за воспаление на подноктици, што се мошне болни, доматот е вистински лек. Едноставно обложете го со него воспаленото место, прицврстете го лабаво со завој и повторувајте го тоа неколку пати дневно, се до излекување.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion