Потребно време за читање: < 1 минута

НЕМОШЕН

74. Една песна самрачна 

Стоиш пред ѕид стамен
со твоја глава во него
уште откога си можел
само да си сакал
кој било, каков било,
чиј било ѕид
со глава да урнеш.

На исушено во корен дрво
јаже со јамка како бесилка
за кој било, за каков било,
за чиј било врат
на човек со сенка,
на сенка без човек,
на сенка и човек;
што да не може никој веќе
да стои исправен
пред суден молк.

Истекува крв од вена
пресечена со зрак,
дали од сонце
или од месечина,
по деноноќие минато
во непребол;
оти веќе не може никој
како мене, колку мене,
со мене и без мене
осамен, каменен
или совреме заборавен.

Кога ѕидот стамен сам
од умора ќе падне мигум,
кога молк немоќен
ќе се престори во  екот,

дури молњи  низ облаци
гониш,
дури порази на мртви
ти се исти со на живи.

Прочитај и за ... >>  MOMENTUM II, Мудрости заради кулминација, поетска инсталација

А љубов во срце сониш
брановидна,
а љубов изгревна,
залезна,
жедна и страдна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here