fbpx

Деноноќно

Се одлага секој крај штом
ќе се дојде на нечиј крај
што има сал коски, камења
и стени расфрлани
како од небо од ветер
а нигде извор а од нигде дожд
да надојде за во кое било време
едно исто во лето и зима
дека се одлага до миг
кога нема
ни умор ни сон ни глас ни збор
како песна испеана дамна
пред нов живот до смрт
на сенка на плодно дрво
со семе вкоренето длабоко
до прв воздив
што да не може никој сега
никој некогаш како досега
и никој некогаш како отсега
да создаде игра небрежна
за деца од скоро снеможени
дека заборавиле од кога
не се заедно.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Луѓе, поетска студија, 5

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.