fbpx Прескокни до главната содржина

Карпест ѕид

Подземна сила издигнала
карпест ѕид
меѓу човек снеможен
и небо непрегледно
дали за да ги брани
од наезди на скитачи
низ пустошијава
дали за да ги сочува
какви што се
за подобри времиња
идни.

Ѕидот нема
ни шуплини ни процепи
гладок е како некој
совреме да домислил
дека никој жив или мртов
не смее да го искачува
а ни да помисли
со голи раце да го крши
со сончев зрак
да го пробива.

И човекот снеможен
и небото непрегледно
сè уште не се прашуваат
каква е чија е од каде е
таа сила подземна
што се разбира со умисла
го издигнала
но се согласни дека
не треба
всушност не им вреди
да се прашуваат зошто е.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Мразнина, поетска студија, 55

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.