дома ЗДРАВЈЕ Wellness lifestyle 5 начини како да го усогласите биолошкиот часовник

5 начини како да го усогласите биолошкиот часовник

82
bioloski casovnik, биолошки часовник

За врската меѓу ХРАНАТА што ја јадеме и ВРЕМЕТО кога јадеме се дискутира веќе долго време. Сите ги знаеме народните верувања: „не јадете по 19 часот ако сакате да ослабете“, „наутро, прво напијте се чаша топла вода со лимон на празен желудник“ и уште многу други. Некои од овие верувања се научно докажани, а некои не се, но всушност сончевиот циклус влијае врз голем дел процеси што се случуваат во телото, а тука спаѓа и варењето на храната.

Дали сте усогласени со биолошкиот часовник?

Хронобиологијата е гранка од биологијата што го проучува ритамот на живите организми. Голем дел од процесите кои се од физиолошко и нутритивно значење за телото се случуваат во циклус од 24 часа. Покрај овие процеси, врз биолошкиот часовник влијаат и надворешните сигнали, како што се светлината и темнината, звуците, времето, јадењето и пиењето.

Неодамнешни истражувања покажуваат дека времето кога јадеме има значајна улога во регулирање на телесната тежина.

Во едно испитување, во кое учествуваа луѓе што следат начин на исхрана за да ја намалат телесната тежина, се покажа дека лицата што покасно го јадеа главниот оброк (по 15:00 ч.) изгубија значително помалку килограми од лицата што јадеа порано (пред 15:00 ч.)

Прочитај и за ... >>  Сѐ за чаевите

Исхрана според биоритамот – 5 начини како да го усогласите биолошкиот часовник

  1. Почнете го денот со здрав и комплетен појадок
  2. Јадете редовно – направете си свој план и држете се до него што е можно повеќе
  3. Јадете три главни оброка и една или две здрави ужини ако имате потреба
  4. Ако е возможно, испланирајте оброци за целиот ден и избегнувајте да ги прескокнувате главните оброци – ручекот и вечерата се еднакво важни како појадокот!
  5. Урамнотежете ги оброците и избегнувајте да го зголемувате калорискиот внес во текот на денот (во однос на претходниот ден)

Заменски оброци

Што ако немате време да си приготвите оброци? Можеби доцните на состанок, заспавте или едноставно сакате да посветите повеќе време на своето хоби – денешниот брз начин на живот не ни остава доволно време за сите наши интереси.

Во тој случај, заменските оброци за регулирање на телесната тежина како што се Формула 1 шејковите се одличен избор. Бројни истражувања покажуваат дека токму тие се практичен начин за регулирање на телесната тежина и извор на клучни нутриенти што му се потребни на телото.

Прочитај и за ... >>  Благодатите на сојата

Затоа, заменските оброци мора да бидат врвно и научно истражувани и да ги задоволуваат индивидуалните потреби на луѓето така што секому ќе му го овозможат она што му е потребно.

Herbalife Nutrition Формула 1 Nutritional Shake Mix претставува богат и кремаст шејк што се приготвува за неколку секунди и овозможува одлична рамнотежа на висококвалитетен протеин и есенцијални макронутриенти и микронутриенти, па затоа е одличен заменски оброк за регулирање на тежината. Сите производи од новата генерација Формула 1 Nutritional Shake Mix се без глутен и ги содржат витамините А, Б6, Б12, Ц и Д и минералите железо, селен, цинк и бакар што придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем.

Garaulet M, Gómez-Abellán P, Alburquerque-Béjar JJ, Lee YC, Ordovás JM, Scheer FA. Timing of food intake predicts weight loss effectiveness. [Времето кога јадеме предвидува колку ефикасно ќе биде намалувањето на телесната тежина.] Int J Obes (Lond) 2013 Jan; 29 2 Heymsfield SB, van Mierlo CA, van der Knaap HC, Heo M, Frier HI. Weight management using a meal replacement strategy: meta and pooling analysis from six studies. [Регулирање на телесната тежина со помош на стратегија со заменски оброци: мета анализа и збирна анализа од шест истражувања] Int J Obes Relat Metab Disord. 2003;27(5):537-49

За регулирање на тежината

Тежината може да се намали со ограничување на калорискиот внес во исхраната во која наместо два класични оброци во денот ќе изедете два заменски оброци.

Прочитај и за ... >>  Крвниот притисок и последиците од него

За одржување оптимална тежина

Исхрана со ограничен калориски внес во која наместо еден класичен оброк ќе изедете заменски оброк помага да го задржиме резултатот откако сме ја намалиле тежината.