Сознанија на психолозите за пешачењето

0
140

Поттикнати од податоците кои говорат за тоа дека пливачите и џогерите чувствуваат подобрување на својата емоционална состојба благодарение на редовната физичка активност, психолозите испитале како пешачењето влијае врз расположението. Активност со која илјадници луѓе секојдневно се обидуваат да го подобрат своето здравје.

Наодите потврдија дека постои двонасочна врска помеѓу физиологијата на телото и чувствата.

На пример, се знаело дека и самото изразување на надворешни знаци од одредено расположение со мимика, може да предизвика стварна појава на тоа расположение. Така, лице што е наведнато се чувствува побеспомошно и под поголем стрес од лице што стои исправено, а едноставното имитирање на изразување на лутина, тага или страв може да доведе до физиолошки промени кои ги следат таквите емоции.

Исто така, со експеримент е утврдено дека човек кој доволно долго ја задржува насмевката на лицето, ќе предизвика кај себе чувство кое нормално доведува до насмевка.

Слична појава се случува и со одењето. Ако одиме со долги чекори, енергично, нишајќи ги рацете, гледајќи право пред себе или макар на вообичаен начин-помали се шансите да почувствуваме замор или депресија, а што најверојатно ќе ни се случи ако ги влечеме нозете со наведнат поглед.

Човековиот ум (без оглед колку тоа да звучи чудно) не трпи парадокси: ако ги влечеме нозете, ние себеси се гледаме како одиме исто како кога се чувствуваме потиштени, па донесуваме одлука дека затоа мораме потиштено и да се чувствуваме. И обратно, кога се чувствуваме лошо, можеме да си го поправиме расположението така што намерно ќе го испружиме чекорот и ќе одиме енергично.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion