Шесто сетиво кај животните

0
17
Mammals Animal Kingdom Dog Canidae Cute

Верувањето дека животните имаат шесто сетиво за опасност е настанато во далечното минато.

Речиси две третини од сопствениците на домашни миленичиња тврдат дека тие имаат шесто сетиво кога е збор за временски непогоди, а 43% велат дека претчувствуваат опасност, покажа едно истражување спроведедно во САД.

Иако научно не е докажано, при секој земјотрес луѓето се уверуваат во чудното однесување на животните-змии излегуваат во дворишта, кучињата лаат во ноќта непосредно пред него.

Американската геолошка служба наведува дека постојат бројни докази за тоа дека животните можат да предвидат разурнувачки земјотреси и неколку дена однапред.

Се претпоставува дека животните ги зачувале инстинктите и способностите кои ги изгубиле луѓето. Оние животни што живеат во природа реагираат на елементарни непогоди така што бегаат од своите живеалишта, додека домашните главно таа вознемиреност ја покажуваат со зачестени и гласни звуци.

Постојат неколку објасненија, а едно од нив е дека животните реагираат на одредена фреквенција на вибрации. Друго, исто така недокажано: атмосферските електрични полиња кои посилно влијаат врз нив отколку врз луѓето.

Еве некои забележани однесувања:

-првите податоци датираат од 373. г. пр.н.е, 5 дена пред земјотресот кај грчкото место Хелике, кога сите животни- стаорци, змии, ласици и црви, избегале од градот;
-во Баварија во 1910. година пчелите ги напуштиле свои кошници;
-пред земјотресот во Лисабон во 1755. година од дупките излегувале црви;
-во фурланскиот земјотрес во 1976. инсектите се собирали во роеви;
-завивањето на кучињата во корушкиот замок Трефен во Австрија во 1690. им ги спасило животите на неговите жители;
-земјотресот во Неапол во 1851. година го најавиле свињи така што со денови пред него меѓу себе се каснувале;
-во 1975. во Хајхенг месец ипол пред земјотресот стаорците се појавувале во глутници;
-жабите бегале од своите живеалишта пред земјотресот во Аквила во Италија, во 2008. година.

Се покажа точно дека кај животните „работи“ шестото сетиво за опасност во текот на цунамито што се случи во 2004. година во Индискиот океан. Иако огромните бранови однесоа над 24.000 животи, не е пронајдено ниту едно мртво диво животно! Х.Д. Ратнајаке, директор на одделот за диви животни во Шри Ланка, верува дека животните ја избегнале несреќата поради инстинктот кој навреме ги предупредил да се тргнат од местото на настанот.

Неодамна е откриено дека истите гени кои на морските кучиња им овозможуваат да детектираат електрични сигнали и претставуваат нивно шесто сетиво се одговорни и за развојот на главата кај луѓето. Освен тоа, Руперт Шелдрејк верува дека животните имаат перцептивни способности на телепатија и предвидување на иднината.

Ветеринарот Алан Шоен во својата книга „Kindred Spirits“ тврди дека луѓето и животните се исклучително поврзани. Животните со кои луѓето се особено блиски ги разбираат нивните потреби, го читаат нивното расположение, па дури и комуницираат со луѓето на ниво кое ги надминува зборовите и јазикот на телото.

Физичарот Лари Досеј тврди дека постои исклучително силна поврзаност помеѓу сите видови. Според него, свеста не е ограничена на мозокот и телото, како и на времето и просторот, па затоа луѓето и животните можат да влијаат едни врз други, дури и ако се меѓу себе оддалечени со километри.

Дури 75% од сопствениците на кучиња велат дека секогаш добиваат предупредување за лошо време, а истото го добиваат 66% од сопствениците на мачки. Што се однесува на лошите вести, 47% од сопствениците на кучиња и 41% на мачки се предупредени со однесувањето на своите миленичиња.

Џим Фулстоун од Невада вели дека неговото куче Остин почнува да дава знаци на предупредување 15 минути пред земјотрес, а 45 минути пред бура:

„Остин трча во круг и ме гледа. Ако седам, седи и тој. Ако сум надвор, дотрчува до мене, ме гледа и ми ги душка нозете. Поактивен е од вообичаено“.

Кеј Мур од Калифорнија вели дека нејзините две кучиња Бри и Лола стануваат хиперактивни, а Стејс Џоунс од Џорџија раскажала дека нејзиниот златен ретривер по име Лејди никогаш не е вознемирен кога пред вратата на куќата е роднина или пријател, но ако е странец однесувањето му се менува.

Психологот Сетфани Лафарж, виш раководител во Американското друштво за превенција од малтретирање на животни, вели дека „шестото сетиво е нешто што не можеме да го објасниме, но сме наклонети да му веруваме. Тоа е прашање на верување“.

Таа потенцира дека научниците сметаат оти животните чувствуваат доаѓање на лошо време поради притисокот или некои слични фактори, но не можат да откријат што се случува со миленичињата во пресрет на земјотрес, лоши вести и случни случувања

„Тоа е нешто што го гледаат само сопствениците на животни“, заклучува таа.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion