МЕНИ НА ИГРИ ЗБОРОВНИ, поезија/припеви, 55-57

Потребно време за читање: < 1 минута

55. Проѕирка

Проѕиркава ми е уште жива
за низ неа да гледам свет
што сум го освоил дури бев
грамада на сонце,
неосвоив за секој, за некој
сè уште без збор со игра,
сè уште без сон неодгатлив.

56. Здание

Старо здание оставено
од туѓини
на мртво бојно поле
се урна пред мои очи
само од себе!
Како да било со мртви
и сè уште живи траги
на деца безимени.

57. Жар на небо

Фрлил некој ветар жар
на небо
за по време да падне
меѓу луѓе,
да разгори оган
неугаслив,
па пустелија да стане
земја заборавена
од идни поколенија.