Потребно време за читање: < 1 минута

88. Страна

На која страна ти,
а на која страна јас,
секој со себе да стаса
до кај што наумил?
На која било страна
јас и ти заедно
преуморни од сомнежи,
меѓу светла и темна.

89. Обграден со крици

Крициве безлични
којзнае од кога
нечујно ме обградиле,
та досега не ми успеа
да ги пробијам
и да им избегам негде
далеку засекогаш,
за никогаш повеќе
да ме обградат смртен.

90. Би

Би можел да заминам
кај што не би можела ти
да ме најдеш.
А би можел и да полетам
кон небо како човек
кој никогаш не би посакал
ни миг негде без тебе.
Би можело каде било
моево пребликнато срце.