Потребно време за читање: < 1 минута

49. Исчекување

На чистина
под мрачно небо
низ кое
никако да продре
зрак на надеж
што ќе разбуди семе
за игра меѓу корени.

50. Синевина

Лета во синевина
птица
оставена од свое јато
сама да долета
до питомина
во која ќе свие гнездо
последно
пред нов лет жизнен
кон жив свет.

51. Крај

Крај на еден крај
во крај со крај
како почеток
на друг крај
еден бескраен.