Потребно време за читање: < 1 минута

64. Темен пат

Не може темен пат
да стане светол;
зашто е на темнина,
зашто е во темнина,
зашто е низ темнина.
Зашто светол пат
е пат кон светлина
неповторлива,
неугаслива.

65. Мудар народ

Се собрал мудар народ
во подножје на планина
со врв до самоти небо.
За да реши уште колку
вакви врвови ќе искачи  
и до кога на светот
ќе му ги докажува
своите древни корени,
во неа огнени.

66. Свет на залез

Преплашено дете
во крв облеано
ниту гледа, ниту слуша
како се урива свет
на слободни игри
во кој штотуку почна
да се надраснува.