31. Молскотна ноќ
Ни земјата не е земја,
ни небото не е небо.
Јас човек што се знам,
јас еден во ноќ самотна.
Молскотна, огнена,
и мрачна и мразна.
32. Мигум за љубов
Гори свеќа во агол
на мрежа пајакова,
од постоење на свет
во кој јас и ти бевме
на иста оддалеченост
од точка на вкрстување
на животни врвици.
33. Ние меѓу
Заминува студ
со векови заробен
меѓу нас рамнодушни,
иде врелина
која силно навалува
на нашите корени.