Потребно време за читање: < 1 минута

1. Извикнување 

Стана во рани зори
Цвеќе ноќум збрано
За китен сон сонуван
Дека љубов е родена.

2. Под камен

Се сокри под камен
Трага на самотник
Што од живот до смрт
Ниту збор дозборил
Ниту збор заиграл.

3. Прекорување

Со поглед остар и нем
Прекорува сила земна
Закоренет корен
Во пустошен бескрај.