6. Промислено
Ни случајно од мене да излезе
стварност,
ни случајно во мене да влезе
заумност,
обата света непромислено
неповрзани,
а самостојни, а слободни.
Напротив, и едниот и другиот
се секојпат еден со друг,
па и еден по друг,
па и еден за друг,
а особено еден во друг.
На тоа најмногу внимавам
секогаш кога освојувам
надежи и соништа
при будење во рани зори
меѓу дребнавости
небитни за мојата борба
во секоја воздивка
со неизвесности, премрежија,
животи и смрти.