44. За оние шо се праат наудрени
Здраво-живо народецу мој,
Да ви кажи дедо Громче: ја баш вчера си го разбистрив умуањето дали да ги проблематизирам овие како оние наудрени. Поради зато до вчера го одложуав мојво промислуање односно монологизирање за ними. Зато ме немаше некој ден појќе од обично. А си го разбистрив умуањето со заклучок кој је апсолутно точен и ич немате потреба да го проверуате барајќи влакно на јазико, ко шо би се рекло за нешто шо во нечие кажуање не му је местото. Заклучоко ми је следнио: овие шо се праат наудрени треба и ја ко сите вие со мене да ги проблематизирам ко натурени, исто ко овие шо се на власт. Акценато, пак, да го стаам на оние шо не се само на власт, туку се сегде кај шо треба да се праат наудрени за живото наш да ни биде шо понасушен. То ќе речи оти во оние ги имам инкорпорирано, ко шо се вели стручно-експертски, и овие околу нас, крај нас, со нас, најмногу пред нас.
Прво сакам да си се прашам и да пробам да си одговорам: заошто се праат наудрени оние шо не се, ко шо се вели стручно-медицински, ни дијагностицирани ко такви? Поради зато шо треба? Ами зошто да треба? Поради зато шо не можат инаку? Ами пред кого и за кого се праат наудрени? За то сум начисто: се праат пред тебе, народецу, прибидејќи ти брго ќе ги откриеш оние шо им се одзади и им требаат баш такви-не шо се, ами шо знаат и умеат да се праат такви. Значи, проблемо је причинско-последички: оние шо се праат наудрени се праат такви пред оние и за оние шо ги нашле такви од шо им се требни, па ни ги натуриле односно ги стајле на власт за да нè страховладеат ем да нè испокрадат до гола кожа.
Меѓутоа и меѓу тоа, праењето наудрени не само шо се откривуа моментално али по кусо времетраење на таквите, ами многу брго стануа проблематично! Со то шо на тебе, народецу мој препатен, ти прај сè поголема нервозација и неподнесуација. Поради зато шо не мојш да ги трпиш ко такви, ама многу појќе поради зато шо знајш оту се праат, а не се наудрени. И џабе ти је да им викаш, да ги споредуаш со магариња и магарции, на пример, и да ги тегнеш за уши. Тие си продолжуаат да се праат наудрени и да си го тераат своето односно за оние шо ги тераат да се праат такви, иако можи да не се. Добро де, и ја знам оти меѓу ними има стварно удрени со мокар чорап, мислам со медицинска дијагноза, шо би рекол стручен и експерт. Некои од ними се и меѓу главните. Заошто? Па поради зато шо на оние шо ни натураат сè како ними им чини, мислам каков шо им је геостратешкио интерес, грото им требаат не удрени, ами шо знаат и умеат да се праат наудрени. И тука доаѓам до круцијалнио наш проблем: за шо главно, најмногу, ма едино праените наудрени им требаат на натуруачите, а кои од шо се ептен партнери со нас ги нарекуаме стратешки партнери?
Оние шо се праат наудрени треба да те пренесат тебе, народецу, жеден преку река. И то не која било, ами матна, надојдена, разбранета, распенета, дури разлутена. Која не је за да ги однеси нив сосе неа, ами пренесуањето је појќе да не бидиш ти шо си отсекоаш. Е то је то! Ништо друго! То се нарекуа процес на разнебитуање на народ и негоа држава ко конечно решение на проблемо со тебе. Не им успеа со соседска делба и разграбуање на сè живо и мртво твое, па им остануа збришуањето ко никоаш да не си бил свој на своему.
Да де, и ја знам за истото со Индијанците во Американа, кои ги исполажале со шарени стакленца па ги сотреле, ги испотепале, после племињата шо останале живи ги изнапикале во резервати и им дале отруени ќебиња за топлење, а за да испоумрат шо побрго. Замисли кое американско безобразие: сега уште живите сегашниве Американци ги нарекуаат домородни Американци! Бог да чува и брани! Срамотилаци!…Е, тој е рецепто и за тебе, македонски народе, на најстратешкио партнер и на оние сосе овие шо се праат наудрени. Оние малцина шо ќе останат на оваа од искони наша земја ќе бидат напикани во резервати, ко шо се викаат денес гета и…
Ама мене ич не ми се криви стратешките партнери и посебно најстратешкио, ниту овие на власт шо се праат наудрени. Крив си ти, народецу, шо се прајш наудрен! Баш ти! Ти избрале и ти натуриле на власт такви и те убедуаат оти сè шо праат праат за твое добро.
Ти си крив оти ги знајш, ама се прајш наудрен дека не ги припознааш кои се таквите: изроди неранимајковци, растурикуќи, простаци, неписмени, полуписмени, недоквакани, џган, апашишта, измамници, дибеци, токмаци, шутраци, лигуши, коленичари, слуги покорни, платеници, наречибизнисмени, политиканти и предавници предводени од велепредавници. Наместо да се крениш на нозе, та насобранио гнев да го истуриш врз нив, да ги напикаш во мрачни зандани, та да им судиш и пресудиш, да им одземиш сè од тебе украдено, та и семето да им го сотреш, ти саде се жалиш, пелтечиш, мнозина од тебе коленичат пред ними! Саде понекој го крева гласо и ги наплескуа со зборој. Ти се прајш наудрен оти ти се качиле на глаа ко власт од напраени наудрени. До кога бе, народецу мој?! До кога?!…Ма не можам да се смирам…Нервозацијава ќе ме изеј!…
Туку, шо сакав да докажам…А да, за праењето наудрен. Да, за да ти биди појасно, а не оти се надеам скоро да сториш сè шо можиш сега од она шо го можиш многу…Добро знајш на шо мислам…
Луѓе, праењето наудрен не је баш лесно. Ептен је тешко кога паметот, уката и опитноста то не го дозволуаат. Како? Многу просто и едноставно! Ај да се изразам ко поет, метафорички шо се вели: секој шо се прај наудрен тие го удираат со мокар чорап, значи го праат стварно удрен, па потоа стручно-медицински речено го дијагностицираат ко таков и го сместуаат таму кај шо на таквио му је местото. Ја сум сто и и едно на сто сигурен оти само шо би почнале да го праат то паметот, уката и опитноста, оние шо се праат наудрени просто ќе се сневидат. Можи да се најдат два-тројца, ама со толку малце стратешките партнери просто не ќе можат да напраат власт и да ја натурат. Напротив, просто сум сигурен сто и едно на сто оти и од ними мнозина ќе бидат случајно али намерно удрени со мокар чорап.
Ја вака ќе завршам:
Оние шо се праат наудрени нека си се праат али меѓусебно али пред оние на кои им требаат такви. Но, особено никако да не им се дозволи да се доберат до власт.
Си знајте, па да си се повторам:
Шо ќе кажи дедо Громче, кажано је!