658. Брго ве соголуаат оние шо во тесно скројано ве кладоја, та скоро ќе морате угул голи пред народо.
659. Не можи шо ќе биди нека биди. Можи само ако је од тебе за тебе.
660. Во ветер ти зборам од шо не ти се дослушуа.
661. Будали од власт не мојш да симниш со итроштини.
662. Исто ти је оти не ти је гајле за ништо.
663. Немаме каде оти нè напраија за никаде.
664. Откорнатик ја во бестрагија, ја во неврат.
665. Ко да не сум жив откога ме остај да самуам, моме убаво.
666. Не знај, а се прај оти знај. Ама ко ќе се срети со некој шо знај, он просто не знај шо да прај.
667. Така је, бедни чоечиња! Никој не ми је крив шо создадов големо дело, а сум непризнаен и дребникав старец.
668. Не ми треба твојта верност, ами да си веруаме еден на друг на зборо, думата и утрешнината.
669. И шо оти не знајш колку многу те љубам, љубима?
670. Како можи толку многу од мене? Ете, докажуам оти можи. Уморен, та преуморен? Некоаш да, со ќеф од завршено дело.
671. За кого од мене? Првин за мене, па после можи за некој али за никој.
672. Како ми је пишано и како сум си допишал-така.
673. Можи да има во свето уште некој ко мене, ама ја сум еден.
674. Не смејме да ја остајме власта да се заглибуа во калта. Зато шо и нас нè заглибуа.
675. Секое чудо за три дена е мајмунско, апашко али за безуиме.
676. Не си убава ко шо беше, ами си ми ко никогаш поубава.
677. За резил сте, бре властодршци. Не сте ни за телевизија, а камо ли народо да ве есапи за чоеци.
678. Властодршци, за вакви како вас народо не би плаќал ни скршена пара. Вашите плати до небо се пари крадени од него.
679. Љубима, можи да те растажи, да те ожалости, да ти затрепери срцето, ама сакам од мене да узнајш оти умрев за тебе!
680. На кадрово на кое сме заедно ти си ми поубава, помила ем поблага одошто си ми сега.
681. Да ме слушаше и да ме слушаш, сега би знаел шо збориш.
682. Не можи да се заборај она шо живеј во памтењето.
683. Молчанието ги оддалечуа луѓето и прај по време тие меѓусебно да не се познаат.
684. Добро је шо не можи да биди полошо!
685. Треба многу да се јади леб од речено до сторено.
686. Наместо да ме фалиш, ти ме жалиш оти за твое добро работам без пари.
687. А бе ако не ви требам, вие мене па ич!
688. Баш не е важно кога ја ќе ја обзнанам мојата умирачка. Зато шо сум дребникав старец кој создал многу за свето.
689. Старец уште на нозе, творец со огромно дело едно на свето, чоечен и доследен-чоек на себеси достоен.
690. Прво рамо до рамо, а после со ногите на рамо!
691. Во Северџганска калакурница на власт можи да бидат сал нездрави!
692. Нема со шо да се покрие, нито кај да се сокрие од пустите срамој на негојте партиски предводнички сомисленици.
693. Ај да им кажам на сите шо првпат или по којзнае кој пат ме прашуаат кој сум ја:
Ја сум.
694. Е, да знајте шо можам уште ја…Ама неќам. Доста је, можи је многу, а богами некоаш ми се чини и премногу од мене.
695. Кој си игра со огно, во огно ќе гори до пеплосуање.
696. Уште помал си одошто си, штом за шо-годе му се смејш на голем чоек.
697. Не је плодно семе за пустошна земја.
698. Ме остај сам да го одживеам животецов за нас.
699. Секоаш со стамен чекор кон догледлива и досеглива цел.
700. Навалиле соседи и нивни предавнички подржатели конечно да збришат исконски народ на своја земја од искони.
701. Мене ми изгледа оти јазело ќе мора да се пресечи со меч.
702. Тешко тебе ако се радуаш предвреме, веруајќи оти је сè готово.
703. Од мене за секое и сечие добро.
704. Слушај шо ти вели срцето, та пробај да домислиш колку ќе ти биди убоо на душа.