MOMENTUM II, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

Momentum XII

Сенките сѐ уште минуваат!

Глас 2

Продолжуваме со исто. Сега толку лесно се објасни што немаме потреба одново да ги нагласуваме твоите движења. Само уште дека си гола. Не поради голема љубов. Треба така да се покажуваш кога веќе настојуваме да се заробиме. Бидејќи маска.

Крпа за лице
фрлена на тротоарот

веројатно од третиот балкон
со дебела жена.

Жената го наведнала балконот,
ги легнала очите,
ги отворила рацете, ги раширила;
се смее во домашен фустан.

Ја гледам речиси цели два часа,
а ништо не ѝ велам.

Таа е сосема пристојно облечена;
само што го наведнала балконот,
ги легнала очите во модрина,
ги отворила рацете, ги раширила,
и лицето.

Подоцна да ѝ падне пајажината
од аголот на зелената стреа;
можеби од некоја нејзина
дамнешна, далечна љубов,
за да ѝ ги одмори нозете
со шари од дебели вени,
како пред пукање,
пред изобилно крвавење.

Сѐ е познато во оваа улица:
има многу чекори
до куќата за страсти,
луѓето наутро јадат овошје,
а еден старец со ретки заби,
постојано насмеан,
со муви на носот
минува навечер
и носи леб во ноќта.

Жената чека да поминам,
па да си ја врати мислата:

Детето не може да стане
ако ја измами со занесна игра
горештината во градот.

Leave the first comment