37. Преку глаа
Здраво-живо народецу мој,
Да си кажам прао на себеси, можи да ти кажам и на тебе, во последново наше време ми иди така некоаш сè, ама баш сè да ми е преку глаа. То му је слично на ко ќе му стани на чоека смачено од сè, ама не му је тотално исто. Едно поради зато шо то значи оти му је смачено, а друго плус оти или си доречуа ексик да је или се надеа оти ќе можи потоа просто да одмавни со глаата и да си речи ко да се помируа та преку таквоото али инаку речено та преку Тасета. Не знам дали ме разбравте. Ако не, ќе се разбериме до крајо на ова мое кажуање преку глаа.
Баш од пред некој ден ми дојде така сè преку глаа откоа помислив на сè шо си прајме, шо ни праат а ние си допрааме, и шо си праат за себеси наудрениве на власт. Коа велам наудрениве, ја имам на ум дистинкцијата, ко шо се вели стручно-експертски, односно оти не мислам на сите во власта, демек оти се сите такви-наудрени, ами мислам на грото шо се такви прибидејќи сè си прајме, ни праат и сами си допрааме. И да си кажам прао на себеси, можи да ви кажам и на вам, лујѓе, ако ви је до кажуање од мене, просто ми пука глаата од шо ми је сè преку глаа. Ма прао да ви речам просто ко да ќе ми пукни, ко да ќе ми се распрсни меѓу овој и следнио мој момент. Баш сега ми дојде правио збор за оваа незавидна ситуација на мојва глаа: шашардисан. Да де, и ја знам шо значи то ко шо знајте вие. Да си шашардисан је исто да си збунет, изненаден, и то најмногу од страв. Е сега, ја ко дедо Громче одамна немам страв од ништо, вакцинирам сум од страв ко шо се вели стручно-експертски, ама зборо ми изгледа баш погоден.
Сега прашај се ако не се прашуаш, народецу мој: зошто си, бре дедо Громче, шашардисан, шо те шашардисало али кој те шашардисал? А ја ќе ти одгоорам право ем правилно: зар има нешто од собитијава шо не нè шашардисуаат ко лујѓе, и то откога нè сардисаа од сите страни, и зар се малцина наудрени во актуелнава ни власт шо не нè шашардисуаат поради зато шо со такви и ко такви е најлесно да се владеј? И прибидејќи знам оту ми дааш за право, оту сум прав, ќе доодгоорам наместо тебе тврдо ем отсечно: нема шо нема! Дали треба да редам? На два ума сум дали треба али не треба, ама некако појќе ми иди умо оту треба. Ако не за друго, колку за моја илустрација.
Најпрвин, коа ќе турам рецка под сè шо ми је и од кој сè ми је преку глаа, и со збирање и со вадење и со множење и со делење некако само по себе ми се наметнуаат оние што се наудрени заедно со оние шо се праат наудрени и поради зато станале власт. Али секоаш, и во прилика и во неприлика нејзе ѝ се в раце и при раце ѝ се на власта. Просто ми се качија на глаа и ми се качуаат сè појќе на број. Ма веќе ми се дојдени преку глаа. Да де, и буквално и во преносна смисла од ними сум просто шашардисан. Па одозгора на то ко да им је то малу, продолжуаат за да ме дошашардисаат. Пробав да си речам ексик да се, пробав и со одмавнуање со глаата и доречуање ко да се помируам та преку таквоото али инаку речено та преку Тасета. Ама џабе. Дојдени ми се преку глаа, и то је. Ма гарант ќе ми пукни, ќе ми се распрсни меѓу овој и следнио мој момент ако во меѓувреме не преземам некои мерки.
Добро бре, лујѓе, кај се најдоа толкуа ко наудрени и наудрени на власт? Да, и ја ко вас чисто се сомневам оту ни ги најдоа стратешките партнери, а ние ко ѓоамити ги избравме на слободни ем демократски ем независни избори. Како да је, важно је оту ми се преку глаа. Заошто и со шо? Како бе заошто и како со шо? Па поради зато шо се ко наудрени и се, и со сè шо си прајме, шо ни праат и сами си допрааме. А бе за ништо да не ги бидуа, за тебе, народецу мој, да напраат нешто асолно, за денес, за од денес до утре и за по утре! А бе само за ними да си праат и за никој друг. Ај шо ништо не ти праат, ама и сè напраено израсипаа и расипуаат! Запустија и запустуаат шо по ними да не можи шо било ни да никни ни да порасни. Ај то, ама и сè испокрадоа и сè шо остана недокрадено докрадуаат. И ич гајле си немаат. А бе мафија! А бе мафија над сите мафии на свето!
Ви кажуам, преку глаа ми је од ко наудрениве и наудрениве на власт. А то значи сам едно од двеве: али ќе рипнам, ќе скокнам, ќе се кренам на нозе и ќе земам стап в раце, па ко ќе почнам да им удирам по сто тапа броејќи еден има стапо да го искршам удирајќи; али ќе фатам џенем, па шо сака нека биди со мене. Зар да дозволам од шо ми је сè преку глаа од ними да ми пукни, да ми се распрсни глаата и да останам без глаа, што значи да ме обезглаат? Ја како да не!
Мене лично и персонално најмногу ми прај збунка едно нешто: како можи меѓународнио фактор, ко шо ги знајме и ги прифаќаме Америне, НАТО-вците и ЕУ-овците, да биди ем стратешки ем партнерски со такви ко наудрениве и наудрениве? Просто напросто не можам да се изначудам да поддржуаат такви, плус невидени апашишта, плус корумпирачи ем корумпирани до гуша, плус ненародни елементи, плус изроди, а плус одозгора на то и и твои предавници и твои велепредавници, народецу мој! Шо велите? И тие се такви ко шо се тие? Можи, не велам дека не можи, поготово шо се знај оти и кај ними има такви. Дури и поголеми абдали, суртуци, недоквакани. Дури во нивните врвој на власта! Ама не ми је верно. Мене многу појќе ми иди во умо оти такви им требаат за со ними да напраат шо намислиле во рамките на геостратешкото сценарио, ко шо се нарекуа стручно-експертски новото прекројување на свето. Во рамки на кое, нормално, ко секоаш, лошо им е пишано на малите и слабите, посебно на оние шо би можело во некое недогледно време да станат големи и силни. То ќе је и ништо друго.
Ај да не ви детализирам понатака. Се плашам да не се изгубам во детали, прибидејќи се ептен многу, којзнај дали можи да се избројат, па одозгора на то оние шо ме читаат, ме прислушуаат и ме следат во чекор оние шо имаат уплав од мене да не почнат да ми вадат од контексто. Ме читаат, ме прислушуаат и ме следат? Па се разбира! Ја ко дедо Громче сум им дамна опасен, страшен? Ти знајш заошто, народецу мој. Зато шо немам ни влакно на јазико! Сè си кажуам ко шо је и ко шо со ними ќе биди али можи да биди. И баш ми је гајле дали ги заболуа, ги боли али допрва ќе ги заболи.
А ќе се извадам од шашардисаноста и шашардисуањево и појќе нема сè да ми је преку глаа. То ви го гарантирам ја лично и персонално. А ти, народецу мој добро знајш оти шо ќе кажи дедо Громче кажано је!